ЈП Водовод и канализација Скопје е добитник на втората (сребрена) награда на Sustainability Awards 2020, во организација на Европската Банка за Обнова и Развој-ЕБОР, соопшти генералниот директор Душко Весковски на својот Фејсбук профил.
Проектот за пречистителната станица – Скопје ја освои втората награда во категоријата климатска обнова и одржливост, во конкуренција од 47 номинации. Вкупно 16 компании од 11 земји во светот беа избрани за добитници на овогодинешните награди.
Пречистителната станица за отпадни води – Скопје ќе биде со капацитет од еквивалент на 500.000 жители и е еколошки капитален проект, чија вредност е процената на околу 136 милиони евра, кој ќе овозможи третман на урбаните отпадни води согласно ЕУ стандардите, а ќе делува и на намалување на загадувањето на реката Вардар, подобрување на условите во животната средина, а воедно и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на град Скопје.