Професорот д-р Блерим Река, поранешен амбасадор, на својот Фејсбук профил ја објави својата независна кандидатура за претседател на државата.
„Во неможност да им одговорам на сите медиуми и пријатели, преку оваа објава ја обзнанувам мојата кандидатура за независен кандидат за претседател на Северна Република Македонија, со надеж за поддршка. Причините за оваа одлука се следните: Само со кандидати Македонци, без ниеден Албанец, ова мултиетничко општество ризикува да се претвори во моноетничко општество, а Албанците да бидат само гласачи, но не и гласани. Интелектуалните критики – без политичко соочување, не се доволни за промена на состојбата. Тие на Фејсбук остануваат само виртуелни, додека животот сепак е реален. На крајот историјата ја испишуваат државниците, додека интелектуалците само пишуваат за историјата“, напиша Река.