• Latest

(ВИДЕО) Проф. д-р Људмил Спасов: Некои работи се учат од 5-то до 9-то одделение

July 27, 2022

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

(ВИДЕО) Проф. д-р Људмил Спасов: Некои работи се учат од 5-то до 9-то одделение

July 27, 2022 13:29
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во опширното интервју со универзитетскиот професор д-р Људмил Спасов кој, меѓу другото, е и претседател на Советот за македонски јазик, одговара на повеќе прашања поврзани со неговата научна работа во областа на лингвистиката, како и на актуелни општествено политички теми.

Дебатата за идентитетските прашања во контекст на почетокот на преговорите за членство во ЕУ беше искористена за гола политичка пресметка меѓу антизападни инсталации и структури во земјата кои ги обвинуваат прозападните политички и општествени сили за предавство. Притоа, се користат „аргументи“ со кои се докажува „предавството“ на македонскиот јазик и идентитет. Но тврдењата за „губењето на јазикот и идентитетот“ се наивни. „Аргументите“ дека со дипломатската нота (Унилатералната декларација), политичките лидери на земјата се откажале од Македонците, од јазикот и идентитетот се погрешни.

„Овие работи се учат од 5-то до 9-то одделение. Кој ги научил добро, кој не ги научил негова е грешката, бидејќи морал да ги научи“ – вели Људмил Спасов во интервјуто за Цивил Медиа – „Кој ги научил добро, кој не ги научил негова е грешката бидејќи морал да ги научи. Сега се достапни и преку интернет, зборувам за официјалните сајтови. Има милион и една дискусија, милион и една паметна работа и милион и една глупост.“

Проф. д-р Спасов објаснува како јазиците влијаат едни на други во текот на историјата и како доаѓа до развивањето на една нова наука во 19-от век што се нарекува Балканистика.

„Постои народен јазик, постои географски простор во којшто се простира еден јазик, но тој јазик не се простира само таму, барем на овие простори секогаш е комбиниран со некои други јазици што е нормално. Тие јазици меѓусебе сакале и не сакале си влијааат и затоа не случајно во 19 век е развиена науката што се именува Балканистика којашто сака да покаже дека овие јазици мешајќи се  меѓусебе се ускладиле. Тоа било огромно откритие пред крајот на турското царство. Меѓутоа секаде имаме мешање на јазиците и мешање на луѓето, барем во европската географија како во Шпанија, Португалија, Франција…“ – вели проф. Спасов.

Понатаму, соговорникот на Цивил Медиа го појаснува и поимот стандарден или литературен јазик. Тој го истакнува и значењето на Крсте Мисирков кој во својата книга „За македонцките работи“ ги удира темелите на создавањето на македонскиот стандарден јазик.

„Постои дијалектологија или географска лингвистика, меѓутоа кога постои држава мора да постои еден јазик што е стандардизиран, литературен јазик. Тој јазик има свои стандарди и служи на администрацијата, на војската, во науката во официјалната комуникација во политиката, тоа е стандарден јазик. Ние го имаме стандардниот македонски јазик, за првпат стандардизиран во 1903 година, со познатата книга на Крсте Мисирков „За македонцките работи“. Мисирков вели – јазикот на оваа книга од сега натаму ќе биде за мене македонцки литературен јазик. Мисирков вели, ако Македонецот од северна Македонија му подаде рака на македонецот од јужна Македонија, од западна на источна, тие ќе се вкрстат на оската Битола-Прилеп. Мисирков ги нагласува централните говори на западно-македонското наречје. Тоа е стандардниот македонски јазик, се базира на овие дијалекти“ – објаснува проф. Спасов.

Оттаму, станува јасно што значи македонски стандарден јазик и како тој се употребува во меѓународната комуникација. Тврдењата што ги изнесува опозицијата и ним блиските интелектуалци се без основа во општо прифатените дефиниции и принципи за меѓународна и дипломатска комуникација.

„Во меѓународната комуникација, сè она што се потпишува надвор од државата ако се работи за македонски јазик се потпишува на македонскиот стандарден јазик. Тоа е ситуацијата помеѓу дијалектите и стандардниот јазик и сè она што е меѓународна официјална комуникација се прави на стандарден јазик“ – појаснува проф. д-р Људмил Спасов во интервјуто за Цивил Медиа.

Разговараше: Џабир Дерала
Камери, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети
Обработка на текст: Мартина Ацковска


Целото интервју со проф. д-р Људмил Спасов ќе биде објавено на 27 јули во 19:30 часот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ