• Latest
Проф. д-р Оливер Андонов (фотографија: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Проф. Оливер Андонов: ВМРО-ДПМНЕ е партија на лојалисти, државата е без одбранбена стратегија, ЕУ интеграциите се запрени, а поддршката за Украина е празна реторика

March 11, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Проф. Оливер Андонов: ВМРО-ДПМНЕ е партија на лојалисти, државата е без одбранбена стратегија, ЕУ интеграциите се запрени, а поддршката за Украина е празна реторика

March 11, 2025 22:46
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Проф. д-р Оливер Андонов (фотографија: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Проф. д-р Оливер Андонов (фотографија: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Проф. д-р Оливер Андонов предава на катедрата за Безбедност и кризен менаџмент на Воената академија. Меѓу другите, тој предава на предметите Тактика на мировни операции, Национална безбедност и Методика на настава со пешадиско вооружување.

Во ова маратонско интервју за ЦивилМедиа, проф. Оливер Андонов открива ексклузивни детали за начинот на функционирање на ВМРО-ДПМНЕ и владата, за напорите за демократизација на партијата, за начинот на кој се води политиката, вклучително и надворешната политика. Тој говори и за одбраната и одбранбените стратегии на државата, за Украина и нејзината борба за слобода и праведен мир, за регионалната стабилност и вооружувањето на Србија.

На самиот почеток, нашиот соговорник одговара на прашањето за неговото назначување на функцијата министер за внатрешни работи со мандат од – еден ден! За што се работи?

Проф. Андонов открива и зошто бил дел од ГДОМ. Нашиот разговор открива што мисли сега за тоа од оваа временска дистанца.

Ветеранот на ВМРО-ДПМНЕ кој не ја крие својата длабока посветеност кон партијата, се открива детали за почетоците, мотивите и функционирањето на Фракцијата за демократизација на партијата што се формира во септември 2022 година. Тој ги открива начините на кои функционира партијата под Христијан Мицкоски, за кого вели дека е опкружен со лојалисти, а дека партијата е претворена во биро за вработување.

Нашиот соговорник со аргументи тврди дека евроинтеграцискиот процес е запрен, бидејќи изјавите дека власта е посветена на ЕУ интеграциите, едноставно, не се во согласност со неговите постапки.

Проф. Андонов е поддржувач на борбата на Украина за слобода и праведен мир. Иако и премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и неговата штитеничка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, декларативно се поддржувачи на Украина. Но дали навистина е така?

Јасно е дека деновиве има значително отстапување дури и од декларираниот курс на поддршката за Украина. Изјавите на претседателката во себе содржат сериозни контрадикторности и индиции за колебање на ориентацијата, односно повторување на проруските ставови – овој пат изговорени токму од Трамп.

„Така одлучивме“ беше изјавата на Мицкоски за воздржаниот глас на земјата за Европската резолуција во Генералното собрание на ОН, со што станавме осамено островче на европската мапа. Проф. Андонов дава свои оценки за оваа „трансформација“ на ставовите. Поточно, тој вели дека поддршката за Украина за Мицкоски и неговите лојалисти отсекогаш била само флоскула.

Тој ја коментира и неодамнешната изјава од министерот за одбрана, Владо Мисајловски, дека Македонија нема да испраќа војници во Украина. Што значи тоа, ако воопшто нешто значи?

Србија е вооружена до заби. Во своето вооружување вклучува системи од Русија, ЕУ, САД, Кина, и Израел, како и оружје произведено во Србија. Иако тоа е тренд кој го вклучи алармот кај многумина, Андонов, кој е професор на Воената Академија, има уникатен поглед на ова прашање.

Разговаравме во детали и за одбраната, што е дел од научната експертиза на нашиот соговорник. Меѓу другото, стана збор и за разрешувањето на генерал Бесник Емини од командната позиција во Здружената оперативна команда. Андонов изрази загриженост за овој потег на претседателката Сиљановска-Давкова.

За овие и низа други прашања за одбраната, за Украина, за вооружувањето на Србија – проф. Андонов говори во детали, онака како што мисли и чувствува. Сигурно е дека барем еден дел од неговите ставови може да се спорат, но секако вреди да се слушнат.

Џабир Дерала

Камера, монтажа и фотографии: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ