• Latest
Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук на Бојан Христовски (30 април 2024)

ПАРТИЗАЦИЈА: Спротивно на законот, партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ на чело на Агенцијата за национална безбедност

October 17, 2024
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025

Изборни ветувања: Лифтови во стари згради, спортски сали, СРЦ Кале и нови центри и забавни паркови за граѓаните

October 6, 2025
Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Францускиот премиер Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец на функција

October 6, 2025
Фото: Х

Балони користeни за шверцување цигари причина за затворањето на аеродромот Вилнус во Литванија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

ПАРТИЗАЦИЈА: Спротивно на законот, партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ на чело на Агенцијата за национална безбедност

Бојан Христовски од експретседател на комитет на ВМРО-ДПМНЕ и ексдиректор на скопски „Градски паркинг“, во директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

October 17, 2024 16:05
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук на Бојан Христовски (30 април 2024)

Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук на Бојан Христовски (30 април 2024)

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Христијан Мицкоски го назначи Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Тоа предизвика реакции во дел од јавноста и медиумите, затоа што Христовски извршувал партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е во спротивност со стандардите на оваа институција важна за безбедноста на државата.

Според Законот за АНБ, член на политичка партија нема право да биде директор на Агенцијата, а Христовски до неодамна извршуваше конкретна партиска функција – претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје. Исто така, во неговата биографија е и функцијата директор на Јавното претпријатие „Градски паркинг“ до септември 2022 година, кога поднесе оставка по конфликтот на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ѝ помогна да седне на градоначалничкото столче.

Универзитетскиот професор Владимир Пивоваров за ЦивилМедиа вели дека во Агенцијата за национална безбедност треба да се поставуваат натпартиски луѓе, односно стручни, професионални и со интегритет, бидејќи таа служба е во служба на државата и граѓаните, а не на партијата која е на власт.

„Меѓутоа, кај нас, за жал, 33 години се поставуваат партиски послушници на челните позиции и потоа ни се случуваат несакани работи како, на пример, масовното прислушкување во времето на Сашо Мијалков или Љубе Бошкоски. Со АНБ треба да раководи лице кое поседува интегритет и да си ја знеа работата. Тоа ти е како да ми дадете мене Ролс Ројс да возам, а јас не знам ниту Фичо да управувам. Кај нас треба да се почитуваат Уставот и законите, ни помалку ни повеќе. Меѓутоа, кај нас сè се сведува на тоа ‘стави го – наш човек е’“, изјави проф. Пивоваров за ЦивилМедиа.

На прашањето за предвременото разрешување на Зарко Милошевски, досегашниот прв човек на АНБ, Пивоваров вели дека Владата е таа која го именува и го разрешува како да е јаболка или круша на пазар.

„Во сериозни држави се менуваат Владите, но не и луѓето кои работат во службите, бидејќи како што таму велат: јас сум човек на државата, а не на партијата“, нагласува нашиот соговорник.

Тој додава дека државите кои имаат силни и натпартиски служби, имаат силна безбедност и добра економија, бидејќи политиките што ги прават тамошните влади се потпираат на извештаите и податоците токму од тие служби. Тој додава дека кај нас не е таков случај, туку „купи ден, продај ден“.

Зарко Милошевски, на чело на институцијата задолжена за безбедност и контраразузнавање беше неполни две години. Претходната влада на СДСМ и ДУИ го назначи за директор на 14 декември 2022 година, а на функцијата дојде на местото на Виктор Димовски, кој се повлече од директорското столче во АНБ за да замине како амбасадор во Париз, Франција, што не се случи.

Од Владата велат дека новиот директор на АНБ, Христовски си поднел оставка од член на партијата во 2023 година, без да прецизираат точно кога.

Но, неговиот партиски ангажман на социјалните мрежи продолжува и во 2024 година. Во прилог ќе објавиме само неколку „непартиски“ статуси на Христовски од 2024 година, откако му завршил партискиот ангажман во 2023 година.

Фото: Фејсбук на Бојан Христовски

СДСМ се противи на оваа, како што велат, политизација на безбедносните служби и бараат Христовски да биде разрешен и да биде назначен нов директор на АНБ. СДСМ ќе ги извести стратешките партнери, земјите членки на НАТО преку нивните амбасасади и Европската комисија.

Според СДСМ, со поставувањето на лице кое само до 2023 година беше претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија директно го прекршува член 10 од Законот за АНБ.

Дури и да се има формално повлечено од партијата, фактот дека до неодамна извршувал висока партиска функција е јасен показател дека ова решение е чисто партиско, непрофесионално и спротивно на Законот и на меѓународните стандарди, особено оние на НАТО. Мицкоски и ДПМНЕ го враќаат времето на директни злоупотреби на безбедносните служби во партиски цели“, велат од опозициската СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Агенцијата за национална безбедност не се политизира и дека на новоименуваниот директор Бојан Христовски му била нанесена неправда во минатото. Tаа грешка, вели, е исправена и сега тој има безбедносен сертификат.

Според Мицкоски, кога се трансформирала Управата за безбедност и контраразузнавање во Агенција за национална безбедност (АНБ) и кога се правела селекција, како што кажа, имало поранешни високи структури од Агенцијата за разузнавање, и во Управата за безбедност и контраразузнавање и АНБ коишто ги профилирале луѓето и врз основа на тие профилирања гледале како да им наштетат преку лажни вести и клеветнички дописи, злоупотребувајќи ги институциите во коишто работат.

Во Законот за АНБ стои: Забрана за членување во политичка партија, органи и тела на политичка партија, политичко дејствување и истакнување партиски симболи.

Член 144 од Законот гласи: (1) Работник на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија, органи и тела на политичка партија, ниту политички да дејствува; (2) Работникот не смее да носи или да истакнува партиски симболи во просториите или во службените возила на Агенцијата, партиски да се организира или дејствува во Агенцијата.

Владата не објасни зошто е разрешен Милошевски, иако мандатот не му е изминат, а ниту образложи зошто го назначува Христовски на оваа функција, високо чувствителна за безбедноста на државата, наспроти тоа што само до неодамна извршуваше партиски функции – што е забрането според закон.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Агенција за национална безбедностБојан Христовскиполитизација
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ