Времето во Македонија ќе преовладува променливо облачно, на места со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Поинтензивни врнежи ќе има во западните делови на земјава.
Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 км/час. УВ=6
Утринската температура од седум до 16, а дневната температура од 20 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде умерено облачно со умерен до засилен југоисточен ветер и со услови во попладневните часови за краткотраен локален дожд и можни ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поизразена нестабилност се очекува в сабота.
Извор: МИА