Во Центарот за превенција и треман на зависности од дрога во Кисела Вода денеска ќе биде промовирана интернет алатка за самопроценка на ризикот од употреба на дроги, што претставува рана детекција и брза интервенција за да се опфатат младите кои употребуваат супстанци, а кои досега не побарале помош од постојните програми.
Овој проект е финансиски поддржан од Помпиду група при Совет на Европа (Група за соработка за борба против злоупотребата на дрога и недозволена трговија со дрога) за повеќе земји, меѓу кои се: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Грција и Романија, информираат од Центарот.
Заради успешно завршената прва фаза, постои можност за натамошна соработка за поддржување на оваа интернет алатка за интервенција.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.