Министерството за внатрешни работи извести дека вчера од полициски службеници пронајдена е штитеничката од домот „Ранка Милановиќ“.
Штитеничката е пронајдена на „Јужен булевар“ во Скопје, а нејзиното исчезнување во полицијата беше пријавено на 20 март.
„Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“ беа таргетирани во јавноста како установи кои наместо да се грижат за своите штитеници, дозволиле, намерно или не, под нивен покрив да има сексуално злоставување. Приказната за тоа што всушност се случува во овие институции под покровителство на Министерството за труд и социјална политика, започна по сторијата на ЦИВИЛ за малолетна штитеничка сексуално злоставувана во дом за згрижување во Домот „25 Мај“.
ЦМ