• Latest

Просечната активна транспарентност на институциите во 2022 изнесува 73 проценти

August 18, 2022
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Просечната активна транспарентност на институциите во 2022 изнесува 73 проценти

Две институции: Министерството за одбрана и Владата имаат по максимални 100 %, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност.

August 18, 2022 11:12
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти:

Според наодите во извеѓтајот, просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 % (од максимално можни 100 %), и во однос на лани, активната транспарентност е подобрена за 10 процентни поени (од 63 % на 73 %).

Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81 % од институциите.  Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 85 %, а на општините 70 %. За разлика од лани, министерствата се подобриле за 6 процентни поени, а општините за 10.

Две институции: Министерството за одбрана и Владата имаат по максимални 100 %, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност.

Три општини се наоѓаат на третата позиција, со високи 97 % исполнетост на обврските за објавување информации според активната транспарентност и се воедно лидери меѓу општините: Битола, Валандово и Карпош.

Меѓу регионите, на првото место изби Југоисточниот Регион (со 84 % активна транспарентност), додека на последно место останува Скопскиот Регион (со 56 % активна транспарентност).

Најмалку информации и министерствата и општините објавуваат за финансиите (само 56 % од можни 100 % општините, 82 % од можни 100 % министерствата).

На барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, општините одговорија во просек за 12 дена (лани за 17 дена), а министерствата одговорија за 16 дена (лани исто така за 16 дена). 93 % од институциите одговорија во рамките на максималниот законскиот рок од 20 дена.

Активната транспарентност е претставена и на специјалната веб- траница www.aktivnatransparentnost.mk со преглед за секоја институција од 2016 годинава наваму, соопштуваат од Центарот за граѓански комуникации

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ