Во својата 30-годишна демократска историја, Република Северна Македонија има релативно кусо, но значајна историја на дадени и понудени политички оставки. Кога ќе се види таа листа на функционери – сѐ до последниве од минатиот петок – прилично јасно се конституира „дијаграмот“ на (не)моралните подеми и падови кај главните политички формации во државава, од што секој може да си донесе свој заклучок. пишува во својата колумна „ Куса историја на македонскиот политички (не)морал’’, Сашо Орданоски.
ПОСЕТА: Германската канцеларка Ангела Меркел денеска попладне ќе допатува во Белград, каде ќе има средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.
По посетата на Србија, Меркел ќе отпатува во Тирана, каде утре освен со албанскиот премиер ќе се сретне и со шефовите на владите на Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.
БЕЗБЕДНОСТ: Во Кабинетот на претседателот на државата денеска напладне ќе се одржи 13-тата седница на Советот за безбедност на која ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија и за поставеноста на системот за управување со кризи.
САМИТ: Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе учествува на Меѓународниот самит посветен на железницата во земјите од Западен Балкан, што ќе се оддржи во Белград.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ: Демократската партија на Турците на Македонија (ТДП) ќе ги промовира кандидатите за градоначалници и советници за претстојните локални избори.
ЕКОНОМИЈА: Министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествува на МЕФ Енергетски Форум 2021: „Мапирање на енергетската иднина“, кој ќе се одржи денеска во Скопје, во х. Лимак со почеток во 9.30 часот.
МОНИТОРИНГ: Во тек е повикот за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Крајниот рок за пријавување е 30 септември, до 17 часот. Од организацијата информираат дека е доволно да се аплицира само еднаш и дека сите што аплицирале, без исклучок, поединечно ќе бидат информирани дали нивната апликација е прифатена или не.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.