• Latest
Лидерот на десничарската проруска партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, со руско знаме и со знамето со ѕвездата од Кутлеш в раце се качи на полициската оклопна кола, на протестот пред Собранието на 17 јуни 2018 против договорот за името со Грција, кој заврши со судир меѓу демонстрантите и полицијата при обид да се пробие кордонот и во кој имаше и повредени.

Протест на „Македонија блокира„ и „Тврдокорните“ со клетви и закани

January 9, 2019
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Протест на „Македонија блокира„ и „Тврдокорните“ со клетви и закани

January 9, 2019 11:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Лидерот на десничарската проруска партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, со руско знаме и со знамето со ѕвездата од Кутлеш в раце се качи на полициската оклопна кола, на протестот пред Собранието на 17 јуни 2018 против договорот за името со Грција, кој заврши со судир меѓу демонстрантите и полицијата при обид да се пробие кордонот и во кој имаше и повредени.

Лидерот на десничарската проруска партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, со руско знаме и со знамето со ѕвездата од Кутлеш в раце се качи на полициската оклопна кола, на протестот пред Собранието на 17 јуни 2018 против договорот за името со Грција, кој заврши со судир меѓу демонстрантите и полицијата при обид да се пробие кордонот и во кој имаше и повредени.

Share on FacebookShare on Twitter

„Македонија блокира“ денеска напладне, истовремено со почетокот на собраниската седница за уставни промени, ќе се придружи на „Тврдокорни“ на протестот против промените во Уставот. 

На вчерашната прес конференција Бачев изјави дека Македонија ќе победи и дека преку сенародниот протест ќе ја одбранат државата и македонскиот народ од геноцидот на сегашната влада.

Вчера „Тврдокорните“ го најавија протестот со клетва кон сите што нема да излезат и да го поддржат и предупредување дека сите што „грешно“ ќе се приклонат кон промена на името и вековното „херојско“ минато ќе им следува превоспитување. Или со клетви и закани денес повикаа на протест.

Бачев, кој од друга страна, се приклучува со истите побуди, најави дека како партија „Единствена Македонија“ има информации за смислени провокации и провоцирање инциденти, па повика на воздржаност во одбрана на националните интереси.

„Го повикуваме и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да биде на страната на македонскиот народ и да се придружи на големиот Семакедонски протест.

Антимакедонските политики го допреа врвот, или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише се што е македонско или Македонија ќе победи. Целта на Сенародниот протест е со еден услов, а тоа е распуштање на Собранието и избори без Зоран Заев како премиер“, повика Бачев.

Останува да се види дали Иванов, ќе излезе на протест, дали воопшто ќе даде изјава на поддршка преку прес конференција или ќе остане настрана со образложение зошто не одговорил на повикот.

Пред Собрание, МВР веќе се спрема за протестот, половината од улицата е затворена за сообраќај, а присутни се голем број на оклопни возила.

„Македонија блокира“ и „Тврдокорни“ денешниот протест го најавија како последна шанса за одбрана на македонските интереси.

Б. Ј.

 

Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ