• Latest

Протест на вработените во ЈП „Улици и патишта“: Плата веднаш или целосна блокада на Скопје

December 20, 2024
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Протест на вработените во ЈП „Улици и патишта“: Плата веднаш или целосна блокада на Скопје

December 20, 2024 11:25
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вработени во Јавното претпријатие „Улици и патишта“ од протестот утрово пред канцелариите на администрацијата на Град Скопје, најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата. Во изјави за медиумите, беше посочено дека тие немаат гориво, возила „седат“ во гаража, нема редовна плата, а имаат обврска кон банките да ги исплаќаат земените кредити, а немаат земено ниту К-15, иако тоа законски им следува.

Протестот е организиран од Независниот синдикат во јавното претпријатие, при Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ).

Претседателот на КСОМ, Марјан Ристески ја опиша ситуацијата во претпријатието како „крајно критична“. Тој рече дека се најавуваат протести со механизација, а овие вработени ги контролираат и семафорите, „не би сакале да направиме тотален хаос“.

– Замислете, протестираат за плата. Камоли да се побараат некои други средства – за заштитни средства при работа или покачување на плата, посочи тој, апелирајќи да се седне да се разговара, да се даде плата или целосно ќе се блокира Скопје.

Ристески истакна дека минатиот месец имало средба со новата директорка на претпријатието, за која кажа оти е петти или шести директор во мандатот на скопската градоначалничка.

– Наместо да ги викнат луѓето на разговори, еве се јавуваат колегите кажуваат – притисоци. На кого притисоци? За што притисоци? Плата бараат. Во денешно време да немаш плата, за што работиме ние сите, праша Ристески.

Нусрет Пашалиќ, вработен во Јавното претпријатие „Улици и патишта“, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека доколку не земат плата, од понеделник со возила ќе излезат на улица и семафорите ќе ги исклучат за да не работи целиот град.

– Нас многу ни е тешко што денеска сме дошле вака овдека, да ја бараме нашата плата што сме ја заработиле чесно и да бараме К-15 што ни следува по закон и бараме сметката што ни е блокирана да нѐ одблокираат, оти секој месец имаме проблеми со исплата на личниот доход, додаде Пашалиќ во изјава за медиумите.

Трајко Стефановски, возач во „Улици и патишта“, истакна дека собрани се да изразат револт поради односот на Градот Скопје кон нивната фирма.

– Со месеци го имаме проблемот. Немаме гориво, немаме редовни плати, имаме кредити што имаме обврска кон банките да ги плаќаме, меѓутоа ние сме оневозможени поради оваа состојба. Овдека сме од сите националности. Нас болката ни е платата. Секој месец истиот проблем. Не се има чувство за нашиот проблем. Нашите возила стојат сите во гаража, не излегуваат на терен затоа што немаме гориво. Имаме проблем со регистрација на возилата, наброја Стефановски.

Тој подвлече дека бараат градоначалничката да ги прими и да им објасни што е работата со нивната фирма.

– Ние сме во служба на градот, меѓутоа со нејзиното неодговарање на нашите барања, нашите седнувања на маса со нејзе, фактички таа не се грижи за состојбата во градот, смета Стефановски.

Тој посочи дека чекаат плата за ноември, а имаат семејства, деца.

– Еден колега ми вика „срам ми е, детето сабајле ми бара пари, немам да му дадам“. Немаме ништо против Данела Арсовска. Меѓутоа, таа треба да нѐ разбере дека ние сме луѓе со семејства и треба да одговориме на нашите задачи кон фамилиите. Треба да излезе некој, да нѐ прими, да нѐ сослуша, да ги сослуша нашите проблеми. Не е само со нас. За жал, сите јавни претпријатија го имаат истиот проблем. Гориво, плати, К-15. Срамота е, дециден беше Стефановски.

Додека трае протестот на вработени во претпријатието, оттаму испратија соопштение до медиумите, нарекувајќи го „политички мотивиран“.

– Поврзано со политички мотивираниот протест денеска пред јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје и Град Скопје, како што и беше очекувано од суетата на Мицкоски, се продолжува да се прави криза по ред во сите јавни претпријатија, а денес му дојде редот на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје. Мицкоски пред да продолжи да прави штета на скопските претпријатија и Градот Скопје, би требало да ги информира граѓаните дека вработените во ЈП „Улици и патишта“ – Скопје имаат земено плата, па од таму нејасно е зошто синдикатот протестира. Истовремено, Мицкоски треба да ги информира дека за линеарно зголемување плата и К15, што се барања на синдикатот, одлука носи Управниот одбор на претпријатието, чии членови се избрани токму од ВМРО-ДПМНЕ, пишува во соопштението.

Оттаму се осврнуваат и на претседателот на КСОН, Ристески.

– Воедно, само на претседателот на синдикатот КСОМ, Марјан Ристески, му е нејасно зошто е пред бараките на град Скопје, кога одлуките што ги бара ги носат членовите на Управниот одбор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје избрани од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на синдикатот КСОМ, Марјан Ристески, треба да се изјасни зошто не се бори за правата на вработените во државното претпријатие „Железници“ каде работи, на кои со месеци им се доцни со плата. Зошто Марјан Ристески како синдикалец за вработените во државното претпријатие „Железници“ каде работи, не протестира да бара линеарно зголемување плата, исплата на К15 и наградна плата и не протестира пред „Железници“? Јасна е целта на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, сѐ додека насилно не ги преземат скопските јавни претпријатија, активно ќе ги напаѓаат секој ден со цел креирање нови кризи, па дури ќе организираат и протести за плата во претпријатија каде истата веќе е исплатена, се додава во соопштението.

Фото: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ