• Latest
фото: Ванчо Џамбаски

Протестен марш под мотото „Држава што не постапува е држава што силува“ по повод Меѓународниот ден на жената

March 8, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Протестен марш под мотото „Држава што не постапува е држава што силува“ по повод Меѓународниот ден на жената

March 8, 2021 17:30
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
фото: Ванчо Џамбаски

фото: Ванчо Џамбаски

Share on FacebookShare on Twitter

По повод Меѓународниот ден на жената и под мотото „Држава што не постапува е држава што силува“, денеска група граѓани излезе на петтиот протестен марш со цел  потсетување на институциите за барања кои се однесуваат на женските права.

Маршот за правата на жените започна пред МВР, од каде беше упатена порака во име на, како што изјави Марија Савова, понижените, малтретираните, застрашуваните, прогонуваните, тепаните и убиените, жени и девојки.

фото: Ванчо Џамбаски

-Денес ја изрекуваме следнава пресуда, виновни се за соучество во злосторство сите кои имаат моќ, ресурси и одговорност да обезбедат достоинство, правда безбедност и заштита на личната сигурност и животот на жените и девојките, а не го прават тоа, сите кои се овластени да ги откриваат, спречат, гонат и затвараат насилниците, а не го прават тоа, сите кои се овластени должни и платени да обезбедат услуги и поддршка на жртвите да преземат контрола врз сопствените животи, а не го прават тоа сите кои помогнале во опстојување на криминалот и предизвикале штета свесно или несвесно со сторување или несторување, а не смееле да го направат тоа. На виновниците им се изрекуваат следните забрани: забрана за неработење, игнорирање, нечовечки однос и обвинување на жртвите, забрана за толерирање и оправдување на криминалот и насилниците, забрана за прикривање на криминалот и насилниците, забрана за оправдување за сопственото неработење и префрлање одговорноста други, забрана за постапување врз основа на лични ставови и предрасуди и уверувања на штета на жртвите. Виновниците се задолжуваат да си ги оправдаат позициите и да си ја сработат платата, да обезбедат поврзани институции, јасни правила и професионалци на кои ќе им поверуваме дека ќе му стават крај на насилството врз жените и родовото насилство, рече Савова.

фото: Ванчо Џамбаски

Барањата, како што потенцираа се однесуваат на контрола и затвор за насилниците, навремени квалитетни услуги и поддршка за жените и девојките жртви на насилство.

Додадоа дека посебно се задолжуваат МВР и Јавното обвинителство да одговорат на барањата кои им биле доставени и добро познати.

– Маршираме за да ги потсетиме институциите, МВР и Јавното обвинителство, дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања, а тие се Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство, Кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени, сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик, професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции. Ние сме тука ве следиме и нема да ве оставиме на раат, истакна Савова.

фото: Ванчо Џамбаски

Маршот заврши во паркот Жена борец, од каде се испрати порака дека денешниот марш е повик за оваа држава конечно да почне да постапува за кривичните дела кои што секојдневно им се случуваат на жените, и конечно да покаже дека навистина се грижи за половина од своето население, но и за важноста на сеопфатното сексуално образование.

-Сексуалното образование е доста важно, бидејќи тоа не учи на нашите права и работи на превенцијата на нивно прекршување, како насилството кое реално го чувствуваме во секој аспект од нашиот живот, и за крај жртвата никогаш не е виновна без разлика на ништо, порача една од учесниците.

фото: Ванчо Џамбаски

-Случајот јавна соба е чист показател за тоа дека е потребно сеопфатно образование во родовата настава, знаењето и едуцирањето на младите за правата и што може да се случи доколку тие се прекршени ќе доведе до едно посигурно и побезбедно место за живеење, додаде друга учесничка

-На 18 декември 1979 година на Генералното собрание на Обединетите нации беше усвоена Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените. Конвенцијата зазема важно место во приближувањето на женската половина на човештвото во фокусот на загриженоста за човековите права. Меѓутоа, на жените Ромки три пати им е потежок пристапот до таканаречениот спектар од загарантирани права, зошто?! Бидејќи каде и да отидеме ние наидуваме на затворени врати, намуртени лица, дискриминација, не вреднување на нашиот труд, образование, професионалност и индивидуа пред се. Ромите како што знаете се соочуваат со социјална исклученост, дискриминација, и нееднаков пристап до здравствени услуги, образование, домување и вработување. Тие и понатаму остануваат не застапени на пазарот на труд со висока стапка на невработеност, па така невработеноста ни влијае врз економските активни Ромки, нивната стапка на невработеност изнесува 58 отсто во 2017 година и со тоа тие изнесуваат 46 отсто од вкупното население кое е невработено, изјави една од учесничките на маршот.

фото: Ванчо Џамбаски

Додаде дека недоволната застапеност на Ромите во институциите особено незастапеноста на жените и девојките Ромки не  влева ни мала надеж дека некој ќе има слух за нивните проблеми. -Ако сакаме еднаквост, можности, почитување на меѓународните начела за правична застапеност, недискриминација промоција на можности за жени од малцински заедници како што е ромската, тогаш навистина треба да се даде шанса при вработување, при едукација, Ромките одат напред се образуваат, се конкурентни на пазарот на трудот, придонесуваат за македонското општество, растат и воспитуваат генерации кои ќе бидат двигатели на промени. Жените во светот сакаат и заслужуваат еднаква иднина ослободени од стигми, стереотипи и насилство, иднина која е одржлива мирна со еднакви права и можности за сите затоа одиме понатаму бидејќи на светот му требаат жени кои ќе седат на секоја маса на кои се донесуваат важни одлуки, порачаа учесничките на маршот.

фото: Ванчо Џамбаски

Истакнаа дека е веќе доста да бидат осудувани кога го пријавуваат насилството. -Доста ни е, посочија, од тоа наоколу да бидеме осудувани за тоа што гласно и јавно зборуваме кога сме жртви, доста ни е од тоа на овие институции да не им е гајле за нас, доста ни е и затоа ова е последна шанса на оваа држава да покаже дека и е гајле за нас и дека не е насилник и не е силувач затоа што држава што не постапува е држава што силува.

фото: Ванчо Џамбаски

Маршот го организираше Платформата за родова еднаквости активистките за женски права

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ