• Latest

Протерувањето непријателски чин, Македонија добро да размисли за НАТО

March 30, 2018

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Протерувањето непријателски чин, Македонија добро да размисли за НАТО

March 30, 2018 09:02
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак вчера на прес-конференција го оцени како непријателски чин и без преседан за целата историја на руско-македонските односи протерувањето руски дипломат од страна на македонските власти. Во однос на зачленувањето на земјава во НАТО, пак, порача дека во случај на агресија од НАТО кон Русија, доколку Македонија стане дел од Алијансата, таа ќе биде легитимна цел при возвратен напад од Русија.

Олег Шчербак

– НАТО е единствен во светот воено-политички блок што се затскрива зад евроатлантска солидарност. НАТО е виновен за почнување на многу агресивни војни во кои гинат милиони луѓе. Во своите воени доктрини официјално Руската Федерација ја прогласија за свој ривал. Како ние во овој случај можеме да ги поздравиме обидите Македонија да се вклучи во НАТО и да се претвори во база на оваа агресивна Алијанса, запраша Шчербак.

Додаде дека во случај на агресија од НАТО кон Русија, доколку Македонија стане дел од НАТО таа ќе биде легитимна цел при возвратен напад од Русија.

Според него, самото проширување на ваквиот сојуз не може да има позитивно влијание врз стабилноста на регионот.

Шчербак, пак од друга страна, во контекст на изјавата од минатата недела на заменик шефот на руската дипломатија Александар Грушко, дека ако Македонија стане членка на НАТО тоа ќе влијае на билатералните односи и стабилноста во регионот, рече дека „нема закана на адреса на Македонија“, доколку стане членка на НАТО.

Шчербак

Според него, разговорот на Грушко со македонскиот амбасадор Гоце Карајанов, бил за натамошниот успешен развој на билатералните односи и се дискутирало за многу аспекти од трговската, економската, културната соработка, инвестициите.

– Беше изразена нашата загриженост од плановите за вовлекување на Македонија во НАТО и беше забележано за негативните последици од тоа вовлекување по регионалната безбедност и билатералните односи, рече Шчербак, додавајќи оти Русија повеќепати го изнесува истиот став.

Според него, сите обиди загриженоста на Русија да се толкува како закана на адреса на Македонија, како што кажа, „се пропагандистички и лажни вести“.

Рускиот амбасадор, пак од друга страна, посочи дека Македонија е суверена држава и како таква има целосно право да се зачлени во какви било меѓународни структури.

– Нема да ви наметнуваме наши ставови со кого да бидете пријатели, со кого да соработувате. Но имам човечка должност да ви кажам дека вакви одлуки треба да бидат добро промислени и да се слуша волјата на народот преку референдум, рече тој.

Според него, зачленувањето на Македонија во НАТО нема да и обезбеди просперитет и нема да го зацврсти нејзиниот територијален интегритет.

– Воздушниот простор на земјата одамна е под контрола на силите на НАТО, и кој во такви услови може да ја нападне Македонија. Самото НАТО или можеби вонземјани?, запраша Шчербак.

МАКЕДОНИЈА РУСИЈА

За протерувањето на рускиот дипломат, рече дека е „политичка нарачка, за да се обезбеди учество на Македонија во колективната акција на ЕУ и НАТО за протерување дипломати, во солидарност со Велика Британија“.

– Властите во Скопје се одлучија да го преземат овој „непријателски чин во однос на нашата земја под влијание однадвор, но тоа не ги ослободува македонските власти од негативните последици во однос на билатералните односи, оцени рускиот амбасадор.

Во однос на тоа какви чекори ќе преземе Русија како одговор на протерувањето на руски дипломат од страна на Македонија, Шчербак рече дека Русија има стара традиција во дипломатијата и оти нема традиција да брза во одлуките и чекорите кои ќе ги преземе.

– Во дипломатијата протерување дипломат е сериозен и непријателски чекор и во свое време ќе вратиме со наш одговор. Но, овој одговор ќе биде адекватен и добро промислен од сите страни, истакна Шчербак.

Истакна дека оваа избрзана и, според него, кусогледа одлука се коси со декларираните официјални ставови за развој на конструктивни и заемно добри односи со Русија.

Во однос на изјавата на шефот на дипломатијата Никола Димитров, дека лицето делувало надвор од својот дипломатски мандат, Шчербак посочи дека македонската страна не доставила докази за тврдењата за делувањето на дипломатот, односно дали тој се занимавал со одредени дејствија што излегуваат од дипломатскиот статус согласно Виенската конвенција за дипломатски односи.

Македонското МНР во понеделникот објави дека протерува еден руски дипломат во консултации со ЕУ и НАТО, а во солидарност со Велика Британија поради случајот Скрипал. Шефот на дипломатијата Никола Димитров еден ден подоцна рече дека протерувањето е и поради заштита на сопствените безбедносни интереси на земјава, односно дипломатот излегол од рамките на својот мандат и се обидел да се здобие со класифицирани информации важни за безбедноста на Македонија.

Претседателот Ѓорге Иванов во вторникот излезе со став дека одлуката за протерување на дипломатот е избрзана, додека премиерот Зоран Заев оцени дека овој случај не би требало да ги влоши односите со Москва.

Рускиот амбасадор инаку, детално говореше за улогата на Велика Британија во, како што кажа „потпалувањето на антируската кампања низ светот“. Рече дека Русија ги отфрла сите обвинувања за случајот „Скрипал“, труење на Сергеј и Јулија Скрипал, татко и ќерка руски државјани, на 4 март во британскиот град Солсбери. Тие се наоѓаат во критична состојба по труењето со нервен гас.

– За жал, британските власти наспроти сите акти на меѓународото право ги одбиваат сите повици за истрага и поведуваат голема меѓународна кампања против на оцрнување против нас и неосновано протерува руски дипломати од повеќе земји од светот и најавуваат санкции, рече рускиот амбасадор, повикувајќи го Лондон на сестрана соработка со Русија со цел да се изврши објективна истрага за случајот, додаде Шчербак.

Инаку, за нивното труење, Велика Британија ја обвини Русија, што резултираше со дипломатска војна меѓу Москва и западните земји. Повеќе од 20 западни земји решија да протераат руски дипломати во знак на солидарност со Лондон поради труењето на Скрипал. Москва од своја страна негира каква и да било нејзина поврзаност со труењето на Скрипал и неговата ќерка. Триест и тригодишната Јулија Скрипал и нејзиниот татко, поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал, се наоѓаат во критична состојба од 4 март, кога беа пронајдени во бессознание на една клупа во англискиот град Салзбери.

Меѓу државите кои протераа руски дипломати од солидарност кон Велика Британија, 18 се членки на Европската унија:

– Белгија (1 дипломат), Хрватска (1 дипломат), Чешка (3 дипломати), Данска (2 дипломати), Естонија (1 дипломат), Финска (1 дипломат), Франција (4 дипломати), Германија (4 дипломати), Унгарија (1 дипломат), Ирска (1 дипломат), Италија (2 дипломати), Лeтонија (1 дипломат), Литванија (3 дипломати), Холандија (2 дипломати), Полска (4 дипломати), Романија (1 дипломат), Шпанија (2 дипломати) и Шведска (1 дипломат).

Држави кои не се членки на ЕУ – Албанија (двајца руски дипломати), Австралија (2 дипломати), Канада (4 дипломати), Македонија (1 дипломат), Молдавија (3 дипломати), Норвешка (1 дипломат), Украина (13 дипломати) и САД (60 дипломати).


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: (не)задоволствоДипломатМакедонијанепријателски чинпротерувањеРусија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Хаотично заебавање

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ