Провокацијата или иронијата на премиерот Христијан Мицкоски дека е подготвен во секое време за предвремени парламентарни избори, доколку за ова се обедини целата опозиција, не е само иронија и провокација.
Кочанската трагедија, неуспехот во евроинтегративниот процес, деградацијата на албанските коалициски партнери ја ослабна поддршката на оваа влада кај гласачкото тело. Не е тоа што беше пред 9 месеци, па премиерот под својата иронија и провокација ненамерно изрази желба уште еднаш да оди на предвремени парламентарни избори.
Од друга страна, во коалицијата ВЛЕН се уште е нејасно дали ќе настапат заедно со кандидати за градоначалнички и советнички листи или одделно. Ако одат одделно, тогаш Мицкоски ќе треба да одлучи кои кандидати ќе ги поддржи неговата партија. Не случајно шефот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, се залага на локалните избори да учествува секоја од партиите од коалицијата ВЛЕН сама.
Иако нема конечна одлука од оваа коалиција, ова ја зајакнува вербата дека власта го подготвува патот за предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори. Но, каков би можел да биде неговиот епилог? Ако се земе здраво за готово дека премиерската иронија ќе се реализира? По изборите, ако се одржат, тогаш ќе имаме влада на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса за Албанците. Останува да видиме, но за сега сѐ води кон овој правец.
Дестан Јонузи