• Latest

Препораки до граѓаните за прославите на празниците

December 31, 2017
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Препораки до граѓаните за прославите на празниците

December 31, 2017 10:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

МИА објави преглед на препораките од повеќе институции и од ЦИВИЛ, кои се однесуваат на безбедното и совесното прославување на празниците.

Умерено да се користат алкохолни пијалоци за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, хроничните болни редовно да ја земаат терапија, а оние кои постеле да внимаваат со внес на храна, препорачува службата за Итна медицинска помош во пресрет на Нова година и божиќните празници.

Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не користи алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, како и да се воздржат од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје со што ќе се избегнат несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје” – Скопје најави дека за новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

На новогодишната ноќ Итната медицинска помош ќе  располага со 10 медицински тима и осум дежурни ординации  за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките  „Јане Сандански“, „Чаир“, „Ченто“, „Шуто Оризари“, „Ѓорче Петров“, „Драчево“, „Идадија“ и „Бит Пазар“. Истовремено со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.

И МВР и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) имаат препораки за претстојните празници. Апелираат граѓаните да не употребуваат пиротехнички средства и да не возат под дејство на алкохол. Да бидат внимателни, да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината и сообраќајната сигнализација, апелираат институциите.

Министерството за внатрешни работи е дециндо: нема да се толерира и најстрого ќе се казнува препродавањето и употребата на петарди и други пиротехничките средства.

Согласно Законот за прекршоци, 200 до 500 евра е глобата за неовластено пукање од огнено оружје, употребување пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, додека согласно Кривичниот законик, оној што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, се казнува со затвор од три до десет години.

– Ако предмет на делото е поголемо количество огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку пет години. Ако делото е сторено во група, банда или друго злосторничко здружение, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку осум години, информира МВР.

И ЦИВИЛ се придружува кон апелот на МВР да не се употребуваат петарди и други пиротехнички средства за време на празничните денови. Воедно ги повикува граѓаните да го пријават несовесното и противзаконско однесување.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

 

ЦИВИЛ: Славеничкото пукање и петардите се опасни по животот

 

Tags: безбедностИтна помошМВРНова годинапразниципрослава
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ