Актуелните политики за справување со „одливот на мозоци“ во земјите од Западен Балкан, како и мерките и идеите креирани од над 30 млади луѓе од овие земји претставени на хакатонот што се одржа во Охрид од 11 до 13 мај во Охрид, ќе бидат презентирани денеска на конференцијата „Brain Drain: Перспективи на младите луѓе”.
Конференцијата ја организира Здружението LEAD во соработка со фондацијата Конрад Аденауер и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии.
На конференцијата се најавени обраќања на министерката за образование и наука Рената Дескоска, раководителот на канцеларијата на Фондација Конрад Аденауер во Скопје, Јоханес Раи и претставникот на Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии, Марина Булатовиќ. (МИА)