• Latest

Пресвртница во Теарце?

December 22, 2016

Дерала, Касале и Џозеф од Рим: Демократијата мора да се брани – со обединета Европа против војната, национализмот и авторитаризмот

October 2, 2025

Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

October 2, 2025
Фото: Веб-страна на претседателот на Украина

Зеленски: На Европа ѝ е потребна политичка волја да дејствува и да ги прекине врските со Русија

October 2, 2025

(ВО ЖИВО) ЦИВИЛ со промоција на книгата „Одбрана на демократијата и човековите права – Од препораки кон акција“ во Рим

October 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Решени сме да ги користиме замрзнатите руски средства за да ѝ помогнеме на Украина

October 2, 2025

24 ЧАСА: Старт на изборите со општински долгови од 64,7 милиони евра; спорот со Бугарија ќе се решава догодина; лажни дојави за бомби во српски училишта

October 2, 2025
Foto: Wikimedia Commons

Српската полиција изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни

October 2, 2025

Муртезани: Мицкоски и Владата подготвени за решавање на спорот со Софија по изборите

October 2, 2025

Странд: Северна Македонија да ги усвои уставните измени, се надевам нема да има билатерални прашања што ќе го попречат процесот на проширување

October 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пресвртница во Теарце?

December 22, 2016 17:48
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Управниот суд одлучи да ги прифати приговорот и тужбата од СДСМ, за поништување на гласањето во едно избирачко место во село Теарце, а прегласувањето официјално го потврди и Државната изборна комисија, погледите на целата македонска јавност се вперени во ова тетовско село.

Приговорот и тужбата на СДСМ беа како што велат од партијата, бидејќи на почетокот на гласањето било констатирано дека недостига гласачко ливче, кое на крајот, при пребројувањето на гласовите, било најдено во избирачката кутија заедно со кочанот и серискиот број. Освен тоа, во доверливиот гласачки материјал недостига и образецот број 15.

Во недела, на 25-ти декември, ќе се прегласува во гласачкото место 2011 каде регистрирани се 714 гласачи, од кои на 11-ти декември гласаа 404 гласачи. Според резултатите од предвремените парламентарни избори, во ова гласачко место ВМРО-ДПМНЕ добила 91, СДСМ 87, Беса 65, ДПА 61, а ДУИ 53 гласови.

ВМРО-ДПМНЕ по донесувањето на оваа одлука на Управниот суд, соопшти дека ќе се придржува до одлуката на својот Извршен комитет и на повторените избори нема да учествува.

glasanje2016

Теарце се наоѓа во Шестата изборна единици на која ѝ припаѓаат и Тетово и Гостивар. Во таа изборна единица најмногу, шест пратенички места освои ДУИ со 40.599 гласа, четири пратенички места освои ВМРО-ДПМНЕ со 26.135 гласови, а по три пратеници освоија СДСМ и Беса, со вкупно 25.828, односно 25.054 гласови. По два пратеника освоија ДПА и „Алтернатива за Албанците“ со 17.970, односно 16.225 гласови.

Изборниот процес на денот на гласањето, но и деновите претходно, ќе го следат набљудувачи од политичките партии, странски набљудувачи и набљудувачи од домашните организации, меѓу кои и ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Конечната одлука за прегласување во Теарце предизвика голем број реакции и од политичките партии, но и од политичките и правни експерти во државата. Според едни, повторното гласање нема да влијае врз конечниот резултат, а според други анализи, Теарце може да го изедначи бројот на мандати помеѓу ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ.

Петре Шилегов како носител на СДСМ во Шестата изборна единица, смета дека Теарце има историска улога да ја запечати битката за слободата.

„Граѓаните на Македонија го одбраа животот. Во Македонија го враќаме животот. Теарце ја има таа чест да ја запечати победата на граѓанска и демократска Македонија“, изјави Шилегов за време на вчерашната посета на ова село.

„Груевски рекол, Груевски порекол. Сите информации покажуваат дека уште во текот на вчерашниот ден активистите на ДПМНЕ се на терен. Одат веќе по куќи и имаат набавено списоци со приматели на социјална помош. Продолжуваат и понатаму со нивните подли политики на делба, на уценување на граѓаните“, изјави Шилегов како реакција на активностите на ВМРО – ДПМНЕ во ова село.

На посетата на Петре Шилегов, реагираа од ВМРО – ДПМНЕ.

„Шилегов, Заев и СДСМ измислуваат нерегуларности во Теарце за да ги украдат изборите во цела Македонија. Шилегов, Заев и СДСМ сакаат со фалсификат и пост-изборен инженеринг во Теарце да ја одземат победата на мнозинството граѓани во Република Македонија. Срамно е што Петре Шилегов  е во Теарце меѓу луѓето кои што неговата партија лажно сака да ги прикаже како фалсификатори и сторители на изборни нерегуларности“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинувањата меѓу двете најголеми политички партии, во пресрет на прегласувањето во Теарце, продолжуваат и на социјалните мрежи.

tramp

„Толку од Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ изгледа :)… Ќе колеа ќе убиваа клети “шиптари” и амбасадори, а сега се пуштиле во акција во Теарце, да ги молат и да им нудат пари да не гласаат за СДСМ…Што и да правите, едно е јасно, бугарскиот воз ви застане во Теарце, а граѓаните на Македонија избраа живот!!!“, напиша  Мухамед Зекири  од СДСМ на својот Фејсбук профил.

„СДСМ и нивните налогодавачи срамно продолжуваат со обидот за кражба на кристално чистата победа на ВМРО-ДПМНЕ на последните избори. Судиите од Управниот суд кои гласаа за уважување на тужбата на СДСМ донесоа противправна одлука водена од политички мотиви. Притисоците врз Судот кои се случуваа од СДСМ, медиумите блиски до СДСМ, како и некои други фактори однадвор, вродија со плод да доведе до скандалозен правен преседан кој говори за политичка мотивираност во одлучувањето, наместо водење според правни факти и докази“, истакна Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.

За Павле Богоевски претставник на граѓанскиот сектор во коалицијата предводена од СДСМ, „резултатите од Теарце се од клучно значење за Груевски да не може да продолжи да се претставува како „неоспорен народен избраник“ на кого му ја украле победата. СДСМ, Сорос, Албанците, Америка, ЕУ… Сите. Еден од многуте проблеми со засновањето на кампањата врз екстремно националистичка, антиалбанска и параноична реторика е што заборавија дека за формирање Влада се потребни 61, а не 51 или 50 пратеници“.

Од партијата Демократски сојуз сметаат дека определбата на над 612.000 граѓани за промени се клучни за излез од кризата и хаосот во кој власта ја вовлече државата. Партијата, исто така ги повикува граѓаните од Теарце да излезат масовно и без страв да гласаат за кандидатите од опозицијата.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕДИКМухамед ЗекириНикола ТодоровПавле БогоевскиПетре ШилеговСДСМТеарцеУправен судШеста изборна единица
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ