• Latest

Прв том од Македонска рок енциклопедија (1963-2018)

May 8, 2018
Фото: Претседател на Украина

Зеленски во Рим се сретна со потпретседателот на САД Венс и државниот секретар Рубио

May 18, 2025
Фото: Х

Андриј Сибига: Вечно сеќавање на невините жртви на геноцидот врз кримските Татари, должност ни е да ја вратиме правдата и да обезбедиме одговорност за сегашните и минатите злосторства кои немаат рок на траење

May 18, 2025
Фото: Х

Амбасадорката Дир: Крим е Украина, кримските Татари се народ што се спротивставува и памти

May 18, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Емпатија кон суверенот

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE24

Романија, Полска и Португалија денес гласаат на тесни и неизвесни избори, клучни за нивната иднина

May 18, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор Ukrainian Institute of America)

ЦИВИЛ го одбележува 18 мај: Солидарност со кримските Татари против историските и тековните репресии

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBC News

ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Хамас предлага ослободување на повеќе заложници во новите разговори за прекин на огнот по израелската офанзива

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Во Ватикан се одржува инаугурациската миса на папата Лео XIV, Зеленски и Џ. Д. Венс меѓу присутните

May 18, 2025

Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ и Ден на сеќавање на жртвите од политичките репресии: Русија го наследи советскиот систем на репресија, криминал и убиства

May 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прв том од Македонска рок енциклопедија (1963-2018)

May 8, 2018 07:49
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонска рок енциклопедија (1963-2018) – Прв том – приредена од Тошо Филиповски ќе биде промовирана вечер од 20 часот на платото пред Младинскиот културен центар.

Енциклопедијата, А4 издание на речиси 500 страници објавена од „Corpus Delicti Records“ во 1000 примероци, содржи податоци за 333 македонски музчки состави од различни жанрови (рок, џез, блуз, електронска музика, хип хоп, ворлд мјузик, поп-рок, панк, хеви метал, реге, ска…), околу 2500 спомнати музичари, повеќе од 400 фотографии. Биографиите се хронолошки приказ на снимки, изданија и концерти, со прецизно забележување на сите достапни информации за еден бенд.

Филиповски ја имал идејата две децении и уште оттогаш, како што вели во предговорот, сметал дека македонска рок-енциклопедија не треба да има каков било „вредносен“ предзнак при одбирот на бендовите што ќе бидат застапени во неа. Критериумите според кои ги избирал музичките состави, вели, биле лабави и повеќе му служеле како филтер на неговите истражувања и не биле обид за поставување некакви вредносни параметри.  Жанровски, исто така, не бил ригиден и не сакал да се води од најстрогите критериуми за тоа што потпаѓа под рок-музика.

– Напротив, сметав дека во Енциклопедијата треба да влезат бендови што во некои најшироки дефиниции за рок-музиката може да се сместат во нејзиниот фолдер. Овде ќе најдете биографии и за неколку џез-, ворлд-мјузик, електронски, амбиент-, хип-хоп, акустични и поп-рок состави а, се разбира, и за оние што некако „поприродно“ се поистоветуваат со рок-културата: класичен рок, гараж, панк, хеви-метал, ска, реге, блуз, фанк, психоделија, индустриал… Но, она во што бев сигурен е дека во оваа Енциклопедија нема простор за шлагерски, фестивалски, поп- и фолк-изведувачи, истакнува Филиповски.

рок енциклопедија 2

Интензивното пишување со јасна слика за крајниот производ почнало во 2015, а пред десетина месеци го добил и финалниот костур на книгата.

– Во неа ќе пронајдете биографии на 333 бенда, сосема случаен број добиен од едноставна математичка поделба на претпоставените 1000 единици – бендови, соло-изведувачи и луѓе од сцената – што треба да бидат опфатени со трите планирани тома на Македонската рок-енциклопедија… Огромен број готови, но и недоработени материјали, недовршени комуникации и резултати од нови „прекопувања“ по македонската музичка историја, кои не успеав да ги вметнам во овој, ќе бидат составен дел од вториот том на Македонската рок-енциклопедија, додава Филиповски во предговорот на книгата. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: прв томпромоцијарок енциклопедија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ