Државната комисија за спречување на корупција денеска ќе ја одржи првата седница со нов состав. На седницата на девен ред ќе бидат предлог одлуките за избор на заменик -претседател и генерален секратар на ДКСК.
Во поглед на престојните претседателски избори ДКСК ќе одлучува и за активностите и надлежностите за време на изборната кампања во однос на законитоста при финансирање на политичките партии. Исто така, ќе се зборува и за предлог одлуката за овластување потписници на сметката на ДКСК, како и за обезбедување на материално – технички услови за функционирање на самата комисија.
ДКСК својот конечен избор на новиот состав го имаше минатат недела ден пред распишување на изборите. За претседателка беше избрана ревизорката Билјана Ивановска, а за челнови на комисијата Владимир Георгиев и Софка Пејовска Дoјчиновска од Секретаријатот на ДКСК, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Салаи Шемши.
Б. Ј.