Учениците од прво одделение од основното училиште „ Браќа Миладиновци“ од општина Аеродром, по повод патрониот празник испратија порака со знаковен јазик ,, Сите сме дел од едно семејство, време е да си подадеме рака, љубовта е се што ни треба, ние сме светот, ние сме децата кои го прават посветол секој ден”.
Основно училиште „ Браќа Миладиновци“од општина Аеродром , на својот официјален Фејсбук профил објави видео од приредбата по повод патрониот празник на училиштето, во кое ученици од прво одделение, имаат точка на која со знаковен јазик ја интерпретираат песната „We are the world“ со што испратија порака дека ,, Сите сме дел од едно семејство, време е да си подадеме рака, љубовта е се што ни треба, ние сме светот, ние сме децата кои го прават посветол секој ден”.
Драган Мишев