Неколку илјади граѓанки и граѓани маршираа низ скопските улици по повод „Парада на гордоста“. Ова е прва парада во Република Северна Македонија.
Парадата започна во 12 часот пред паркот „Жена борец“ и продолжи кон градскиот парк каде покрај неколку музичари, настапува и Тамара Тодевска, која беше претставничка на Евровизија со песната „Горда“.
Маршот го обезбедуваа голем број полициски единици, и помина без никакви инциденти.
Д.М.