• Latest

Првомајски проглас на синдикатите и граѓанските организации за работничките права

May 1, 2020

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Првомајски проглас на синдикатите и граѓанските организации за работничките права

May 1, 2020 09:32
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатите и граѓанските здруженија што се борат за работничките права излегоа со Првомајски проглас со кој ги упатија барањата до власта, во време на пандемија, за преземање чекори што ќе бидат во насока на заштита на сиромашните, работничките и работниците, маргинализираните, ранливите…

Во продолжение Прогласот:

Барање број 1: Работење во интерес на работничките и работниците, а не на моќниците.

Крајно незадоволни од потценувањето и игнорирањето на работничките и работниците со чиј труд се обезбедува егзистенцијата и на бизнисмените и на политичарите, повторно бараме Владата да ги преземе следниве поединечни мерки:

  • Да не се дава финансиска поддршка на фирми кои ќе отпуштаат работнички и работници за време на кризава.

  • Да се овозможи паричен надоместок за невработени да можат да користат и лица на кои работниот однос им престанал поради сопствена изјава, спогодбено или поради наводно нарушување на дисциплината, за да се заштитат работниците кои останаа без работа на овој начин во кризава.

  • Да се донесе уредба дека платите на работничките и работниците нема да може да се намалуваат повеќе од 20% за време на кризата, како што е дефинирано со Општиот колективен договор за приватниот сектор. Изминативе недели, многу фирми ги намалуваа платите за дури 50%, повикувајќи се на „виша сила“, што не смее да се дозволи.

  • Да се обезбеди заштита на прекарните работнички и работници (хонорарци, фриленсери итн), кои се најнесигурната категорија работнички/работници и немаат речиси никакво социјално и здравствено осигурување. Овие лица, по примерот на самостојните уметници и спортистите, да добиваат финансиска помош во месечен износ од 14.500,00 денари.

  • Да се забрани пресметување камати за времетраењето на кризата, од страна на банките, штедилниците, финансиските друштва и извршителите, односно, да се спречи претходно наведените субјекти да профитираат во оваа криза на грбот на сиромашните.

  • Државните служби (ДИТ, АВРМ, УЈП) поефикасно да реагираат за да се спречат злоупотреби во време на кризава, при спогодбени откази, откази од страна на работодавачи и сл. Државните служби да иницираат постапки за утврдување одговорност при евентуални кривични злоупотреби од страна на работодавачи во врска со спогодбените и другите откази на работници од изминативе недели.

  • Синдикатите и здруженијата на граѓан(к)и кои се залагаат за работниците и за работничките права задолжително да бидат консултирани при подготовката на мерки кои се поврзани со нив и ниедна ваква одлука да не помине без нивна согласност.

Барање број 2: Даночење на оние кои имаат, а не на оние кои немаат.

  • Воведување прогресивен данок на добивка, со стапка од 20% на добивката која надминува еден милион евра. Со ова ќе се оданочат најпрофитабилните 200 компании во државава, кои профитираат и во кризава. Со оваа мерка, ќе се соберат дополнителни околу 100 милиони евра на годишно ниво.

  • Воведување прогресивен данок на личен доход, со стапка од 20% за доходот над 1500 евра месечно, и 30% за доходот над 2500 евра. Со ова ќе се оданочат најбогатите 1% луѓе во државава и ќе се соберат дополнителни 50 милиони евра на годишно ниво.

  • Укинување на горниот лимит за пресметката на социјалните придонеси, кој ги привилегира лицата со плати над 10.000 евра месечно. Најплатените 250 директори во државава имаат плати над 10.000 евра месечно, а плаќаат придонеси за социјално осигурување од само 9%, за разлика од другите граѓани кои плаќаат 28%, поради овој лимит. Со ова, ќе се соберат дополнителни 10 милиони евра.

  • Воведување данок на средства на банките кои не се пласирани во економијата,во висина од 2%. Со овој данок, ќе се соберат околу 10 милиони евра на годишно ниво.

  • Воведување данок од 30% на исплатените дивиденди. Многу фирми, вклучувајќи и банки, исплатија и исплаќаат дивиденди и во кризава, што е економски неоправдано, па дури и нехумано.

  • Поништување на покачувањето на акцизите. Акцизата е давачка која ја сносат и посиромашните луѓе и малите фирми, кои се најпогодените од кризава. Нејзиното покачување за времетраењето на кризава е неоправдано, особено во услови која најбогатите продолжуваат да плаќаат пониски даноци.

Барање број 3: Да престане анимозитетот кон јавниот сектор.

Оваа криза треба сите да нè научи за важноста на јавниот сектор и за тоа дека никој од нас не може да функционира без него. Работниците од јавниот сектор се првите на линијата на одбрана од пандемијата. Здравствените работници деноноќно се жртвуваат за доброто на сите нас. Полицајците и војската постојано се грижат за одржување на јавниот ред и мир. Инспекторите спречуваат фирмите да ги креваат цените и да ги прекршуваат законите во кризава. Наставничките ги учат нашите деца и додека се тие дома. Културните работнички и работници создаваат и додека сме во карантин. Административните службеници ги подготвуваат уредбите кои Владата ги носи и во овие времиња. Овие позитивни примери се далеку побројни од негативните примери кои постојано се истакнуваат во јавноста. Затоа, бараме од приватниот сектор, медиумите, граѓанскиот сектор, општата јавност, да прекине со општиот анимозитет кон јавниот сектор и со квалификувањето на сите вработени во јавниот сектор како неработници и изедници на државниот буџет.

Барање број 4: Владата најитно да излезе од заложничката состојба и да му помогне на Претседателот на Републиката најитно да најде начин да продолжи со работа Собранието. Ваквото решение не е само неопходно за враќање на демократијата во нашата држава, туку и можеби единствениот начин да се застане на пат на „воените“ профитери и нивните слуги.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ