• Latest

Првпат во 59 години Куба ќе има претседател кој не е од семејството Кастро

March 9, 2018
Фото: Принтскрин МИА

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува на 2 декември

November 26, 2025

Ројтерс: Американскиот мировен план за Украина е извлечен од руски документ

November 26, 2025
Фото: Х

Еко-активисти осудени да платат повеќе од 400.000 евра за блокадата на аеродромот во Хамбург

November 26, 2025

Руските хибридни операции на Западен Балкан: Парализа на демократските институции и блокирање на евроатлантските процеси

November 25, 2025
Фото: Веб-страна на претседателот на Украина

Зеленски вели дека Украина е подготвена да го унапреди мировниот план, ќе разговара за спорните точки со Трамп

November 25, 2025

„Руте: Традиционалните канали за дијалог со Русија се „мртви“, потребени се нови механизми за безбедни преговори

November 25, 2025

Српското Обвинителство за организиран криминал тврди дека е под притисок од Вучиќ

November 25, 2025
НИС ПЕТРОЛ  Прво се продаде колосот а потоа излезе дека се продадени и многу други нешта како што се бензинските пумпи, хотелите, изворите на нафта...

Српските банки се закануваат со прекин на трансакциите со НИС ако компанијата не добие американска лиценц

November 25, 2025

Една година од експлозијата на каналот Ибар-Лепенец, без обвинение или јасни одговори

November 25, 2025
Скриншот од видео на euronews

Украински тинејџер кој работел за руската разузнавачка служба затворен на три години и четири месеци за палежот на ИКЕА во Литванија

November 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Првпат во 59 години Куба ќе има претседател кој не е од семејството Кастро

March 9, 2018 11:59
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарните избори што ќе се одржат в недела во Куба не наликуваат на ниту едни избори во регионот. Нема рекламни спотови. Нема предизборни митинзи. Нема кандидати под партиски слогани затоа што сите или се членови на владејачката Кубанска комунистичка партија или се „независни“ кандидати кои се придржуваат кон партиската линија.

Единствениот надворешен знак за претстојните избори се фотографиите и биографиите на кандидатите објавени на јавни места. Самите кандидати тивко посетуваат квартови и фирми за да контактираат со луѓето.

И покрај тоа што кубанските избори минуваат без многу бука, избирачката активност – некои тоа го припишуваат на владиниот притисок – варира околу и над 95 отсто. Повеќе од осум милиони Кубанци треба да изберат 605 членови на Националното собрание и 1.265 делегати во 15 провинциски собранија.

Интересот за изборите е поголем од вообичаено затоа што новиот Парламент треба да се состане на 19 април и да избере наследник на 86-годишниот претседател Раул Кастро. Се очекува новиот претседател да биде првиот кој не е член на семејството Кастро по револуцијата во 1959 година, кога Фидел, постариот брат на Раул, ја презеде власта.

Навистина е интересно да видиме каков ќе биде новиот претседател, изјави Ернесто Балан. возач на такси во Хавана. – Секогаш сме имале лидери со силна индивидуалност и присуство, но се уште не го познаваме новиот, додаде тој.

Раул Кастро ја презеде привремено власта, кога во 2006 година се влоши здравјето на брат му, а потоа во 2008 година официјално стана претседател. Фидел почина осум години подоцна на 90-годишна возраст.

Минатата година Раул Кастро објави дека нема да се кандидира за трет мандат на функцијата. Преовладуваат очекувања негов наследник да стане актуелниот потпретседател Мигел Диас-Канел, инженер кој бил министер за образование.

– Никој не рекол дека тој ќе биде следниот претседател, но ние мислиме така затоа што Раул му даваше многу важна улога во изминатите години, изјави пензионерка која чекаше долг ред пред аптека во Хавана и замоли да биде анонимна.

И покрај тоа што припаѓа на постреволуционерна генерација Диас-Канел тешко дека ќе воведе нови големи слободи и реформи. Освен што е познат како приврзаник на континуитетот, тој најверојатно ќе биде ограничен и од присуството на Кастро, кој ќе биде на чело на партијата најмалку до нејзиниот следен Конгрес во 2021 година.

Кастро исто така е кандидат за место во Парламентот и се очекува да продолжи да располага со влијание врз армијата. Неговата Влада воведе економски реформи кои на повеќе луѓе им дозволија да почнат мал бизнис, но строгите ограничувања врз приватното претприемништво остануваат во сила.

Различното мислење е ограничено до толкав степен што некои Кубанци разговараат за политиката со странци само во некој парк кој е далеку од ушите на други луѓе. Но, многумина Кубанци велат дека се благодарни за постигнувањата на Револуцијата, како што се бесплатното образование и здравство, како и ниските трошоци за живеалишта.

Хавана е безбедно место каде бездомниците и питачите се ретки. Економијата е обновена по рецесијата во 2016 година. Порастот за 2017 година е 1,6 отсто и се должи главно на земјоделството и туризмот. Но, животот останува тежок за многу Кубанци кои имаат многу ниски плати и тешко наоѓаат прехранбени продукти и други основни стоки кои можат да исчезнат од пазарот поради дефицит во производството. Главните извори на приходи во Куба се парите кои ги испраќаат кубанските емигранти чии број изнесува стотици илјади во САД, Мексико и Шпанија.

– Високата избирачка активност не е директен одраз на голем интерес за политиката, вели еден локален новинар, кој ги отфрла ставовите на некои дисиденти дека луѓето се чувствуваат принудени да гласаат. – Кубанците гласаат поради нешто како чувство на долг и за да ја поддржат Владата чиј пад според нив, би им ги влошил проблемите, вели новинарот.

Куба

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп ги засили ограничувањата за бизнис и патувања до Куба, откако односите се затоплија за време на Барак Обама. Вашингтон инсистира на тоа дека на карипскиот остров треба да бидат воведени повеќепартиска демократија и капитализам.

Ваквите предлози предизвиккуваат мал ентузијазам поради стравувањата на Кубанците дека ќе ги загубат социјалните придобивки и ќе станат извор за економска експлоатација од страна на САД. Куба нема да направи отстапки од својот суверенитет, ниту да преговара за своите принципи, рече Диас – Канел.

– Има една генерација што даде се за Револуцијата, изјави студентот Јосвиан Санчес кој дошол во културен центар за да користи интернет. – Сега е ред на помлади луѓе. Можеме да направиме грешки но треба да ни се даде шанса, додаде тој.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: КубаПретседателски избори
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Почеток на крајот

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Српските банки се закануваат со прекин на трансакциите со НИС ако компанијата не добие американска лиценц

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Полскиот амбасадор во Русија нападнат од „агресивна група“ демонстранти во Санкт Петербург

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Пробив на Балканот за Украина: Србија во НАТО & Косовскиот модел во Донбас

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ