• Latest

Пешевска не чувствува вина за настаните од 27 април

January 23, 2018
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пешевска не чувствува вина за настаните од 27 април

January 23, 2018 09:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Апелација ја одби жалбата на Пешевска, останува во домашен притвор, јавува Телма.

Одлуката беше донесена вчера откако пратеничката Жаклина Пешевска побара од апелационите судии да и го укинат куќниот притвор. Ги уверуваше дека не планира да бега и ги понуди двата пасоши.

„Не можам да го повторам делото затоа што не сум го ни сторила“, рече пратеничката осомничена во истрагата за „Крвавиот четврток“ која наведе дека поради определената мерка не може да се грижи за болните свекор и свекрва ниту за здравјето на своите малолетни деца.

„Во животот немам сторено ниту едно кривично дело, најмалку терористичко. Не ги загрозив животите на пратнеиците  и на граѓаните. Со моето лишување  повреден е уставот. За полицајците кои дојдоа утрото кај мене не важеше мојот пратенички имунитет. Со лисици ме држеа 16 часа во суд за на крај да кажат дека не може да ми направат распит“, кажа Жаклина Пешевска.

Нејзиниот адвокат Боро Тасевски на јавната седница рече дека освен приведување за кое се произнесе и народниот праовбранител, направени биле и други повреди поради кои Апелација треба да ја укине одлуката. Според него во решението за куќниот притвор судот не ги навел доказите од кои произлегува основаното сомнение за Пешевска, а тој како адвокат не го добил ниту предлогот за продолжување на мерките.

Пешевска минатата недела даде и исказ во обивнителството за организиран криминал. Им биле презентирани снимките од Собранието што ги објави Телма, но според адвокатот таа била присутна во холот на Собранието во моментот кога влегуваа демонстратните затоа што е пратеник.

Вишата обвинителка на денешната седница побара жалбата да се отфрли и Пешевска да остане во домашен притвор затоа што не е ништо променето од првиот пат кога е определена мерката. Рече дека со приведувањето не била повредена европската конвенција. Ги негираше тврдењата на Пешевска и рече дека на членовите на нејзиното смеејство им била овозможена потребната медицинска помош.

Tags: 27 априлАпелацијаВиенадомашен притворжалбанасилствоПешевска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ