• Latest

Пуштена една од снимките за „Траекторија“, судењето продолжува на 23 мај

April 17, 2018
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пуштена една од снимките за „Траекторија“, судењето продолжува на 23 мај

April 17, 2018 15:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На рочиштето за предметот на СЈО „Траекторија“ попладнево почна слушањето на аудио разговори кои се доказ во постапката.

Адвокатот Димитар Дангов претходно побара разговорите да бидат пуштени на следното рочиште, но тоа беше одбиено. Одбраната реагираше и дека аудио снимките не се целосно исфилтрирани  и оти се уште има приватни разговори.

Беше побарано и да се обезбеди уште една камера што ќе ја снима целата судница, но и ова барање беше одбиено по што почна изведувањето на доказите.

Реагираше и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, обвинет во случајот, со барање да се исклучи јавноста за време на слушањето на разговорите.

Веднаш по пуштањето на првата аудио снимка на која се слуша разговор на Јанакиески, тој стана и кажа дека им го откажува полномошното на неговите адвокати бидејќи не биле подготвени да го бранат.

Јанакиески и адвокатите излегоа од судницата, а по враќањето тој информира дека го повлекува предлогот за откажување на нивното полномошно.

Судијата Бошевски потоа реши да го прекине денешното рочиште и продолжението да го закаже за 23 мај.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Тие се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.Според СЈО со противправното дејствување на обвинетите кинеската компанија „Синохидро“ се стекнала со имотно-правна корист од 155.117.256 евра, а износот на штета претставува разлика меѓу износот на цена што како држава ја плаќаме на „Синохидро“ и цената што оваа компанија им ја плаќа на подизведувачите.

Адвокатите, пак, тврдат дека ќе докажат оти со околностите и податоците со кои располагале обвинетите при носење на одлуките не е направено противзаконско дејствие.


Извор: МИА

Tags: Миле ЈанакиескиСЈОснимкасудењеТраекторија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ