Рускиот претседател Владимир Путин му даде на НАТО „причина да заживее повторно“ и е клучен фактор за воскреснувањето и подобрената способност на воениот сојуз.
Говорејќи на Форумот Амбросети во Италија во петокот, генералот Дејвид Петреус, поранешен директор на ЦИА, рече дека НАТО сега е поспособна отколку што беше пред неколку години. Тој ја изнесе и констатацијата дека соработката меѓу државите-членки на НАТО сега е галванизирана.
„Најголем подарок за НАТО од крајот на Студената војна наваму е токму Владимир Путин и неговите агресивни активности што му дадоа причина на НАТО да живее повторно, ако сакате, на многу значаен начин“, рече тој за CNBC.