• Latest
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Путин во потрага по наци-сталинистичкото наследство на Советскиот Сојуз

January 13, 2022
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Поранешен австралиски политичар осуден на повеќе од пет години затвор за сексуални злосторства

October 31, 2025

Притвор за тетовец кој се заканувал со убиство на жена и партиски функционери на Фејсбук

October 31, 2025

Во вториот круг од изборите право на глас имаат 1 013 375 граѓани, за гласање пријавени 4 826 болни

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Путин во потрага по наци-сталинистичкото наследство на Советскиот Сојуз

Главното барање на Русија се состои во тоа НАТО да се повлече во границите пред 1997 година. Од тогаш до сега, членки на НАТО станаа 13 земји, меѓу кои и Северна Македонија и сите балкански држави, освен Грција. На таа листа се и државите на поранешниот Варшавски пакт и поранешните советски републики кои Сталин ги анектира во 1940 година

January 13, 2022 09:26
in АНАЛИЗИ, ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Разговорите за војна и/или мир што, по барање на рускиот државен врв, ги започнаа САД и Русија на 10 јануари во Женева, се најдобрата вест што можеше да ја прочита светот на почетокот од неизвесната 2022 година. Осумчасовните тензични разговори меѓу американските и руските дипломати не доведоа до компромис. Разликите се непомирливи. Сè уште. Без оглед на тоа, добро е што проговори дипломатијата, а не заглушувачкиот татнеж на воените машинерии. Исходот од разговорите што продолжија меѓу НАТО и Русија во Брисел на 12 јануари, беше ист.

„Русија секогаш само се брани, никогаш не напаѓа“

„Нема причина за страв од некој вид сценарио на ескалација“ – им изјави на новинарите Сергеј А. Рјабков, рускиот шеф на делегацијата од руското министерство за надворешни работи, видно изморен од долгата средба со делегацијата што ја води заменичката на државниот секретар на САД, Венди Шерман. Тој кажа и дека Русија нема намера да ја нападне Украина. Никој и не се сомневаше дека тоа ќе го каже.

„Русија секогаш само се брани, никогаш не напаѓа“ – би гласел ироничниот превод на оваа изјава.

Светот ги слушна истите изјави и од Александар Грушко од руското МНР, по четиричасовните тензични разговори во Брисел меѓу НАТО и Русија. Уште пред првата „рунда“ во Женева, беше очигледно дека нема да се приближат ставовите ниту во Брисел, а ниту по разговорите под покровителство на ОБСЕ во Виена, на 14 јануари. Тие беа „фотокопија“ од ставовите на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, што ги прочитавме во интервјуто за „Росија Сегодња“ на 31 декември 2021 година.

Само Путин знае (ако знае)

Веројатно ќе има уште средби, освен ако Путин не издаде команда за „одбрана“ и навлезе со своите војници на украинска територија. Во ексклузивното интервју за авторот на овие редови, украинската амбасадорка информира дека вдолж границата, во моментов (13 јануари 2022), се распоредени 122.000 руски војници.

Едно е извесно – руска воена инвазија нема да се случи сè додека дипломатите седат на зелената маса.

Сепак, додека руските дипломати неубедливо изјавуваа дека Русија нема намера да ја нападне Украина, руските воени хеликоптери, на 10 јануари, надлетуваа над неколку зони на границата со Украина. Тоа беше сигнал дека воената операција за напад на Украина се во тек. Утредента, на 11 јануари, руските тенкови и пешадија изведоа воени вежби со боева муниција.

Што навистина ќе се случи, веројатно знае (ако знае) само Владимир Путин, неприкосновен владетел на Русија од 1999 година.

Трикови и тактики

Впрочем, некогашниот агент на КГБ ужива во тоа да се обвива со вел на мистериозноста. Путин постојано ја држи светската јавност во состојба на нелагодно исчекување. Неговите изјави често ги шокираат западните дипломати.

Што и да кажат руските претставници Рјабков, Грушко или некој друг на преговарачката маса во Женева, Брисел, Виена или на било кое друго место, на крајот тие изјави се само дел од триковите и тактиките, а не се цврсто утврдени принципиелни ставови на Путин и неговите воени и пропагандни генерали.

Со други зборови, изјавите од Кремљ или од самиот Путин се само тактички потег на шаховската табла. Не вистински став, туку само маневар, со кој се предизвикува илузија, за да се зашемети противникот. Бидејќи ставовите и принципите се поврзани со стратегијата за хегемонија и владеење на цврстата рака.

Целосно непомирливи позиции

Но колку и да сака да остане мистериозен, Путин не може да ги скрие своите вистински намери, планови и фрустрации. Светот го познава веќе 22 години.

Во анализата на ЦивилМедиа, како и во интервјуто со украинската амбасадорка Наталија Задорожњук, се откриваат сите важни позиции на Русија, од една страна и ставовите на САД, НАТО и западните демократии, од друга страна. Тоа се целосно непомирливи позиции.

Ако до воена агресија не дојде, тоа ќе биде само поради проценката на Путин дека санкциите од Запад и големиот број ковчези од боиштето ќе му донесат повеќе штета отколку корист за неговата клика. Ништо друго.

Агресијата врз Украина трае од 2014 година. На тоа му претходеа бројни провокации и притисоци од Кремљ и авторитарното владеење на рускиот марионетски претседател Виктор Јанукович.

По Мајданската револуција (2013-2014) во која загинаа околу 80 луѓе во судирите меѓу полицијата и демонстрантите, наместо да продолжи по патот на слободата и евроатлантските интеграции, Украина беше цел на воена агресија.

Главното барање, повлекување на НАТО во границите пред 1997 година

Путин не може да им прости на западните демократии за влијанието што го извршија кое доведе до распад на СССР и Варшавскиот пакт. Во долгите години од неговото авторитарно владеење со Руската Федерација, студениот и пресметлив Путин израсна во архинепријател на демократијата и на Западот. Најголемата, ако не и единствена цел му е да ја врати „старата слава“ на Советскиот Сојуз во чии пазуви тој го започна својот поход кон врвот како талентиран агент на КГБ.

Главното барање на Русија се состои во тоа НАТО да се повлече во границите пред 1997 година. Од тогаш до сега, членки на НАТО станаа 13 земји, меѓу кои и Северна Македонија и сите балкански држави, освен Грција. На таа листа се и државите на поранешниот Варшавски пакт и поранешните советски републики кои Сталин ги анектира во 1940 година.

Source: BBC

Историјата забележа дека окупацијата на прибалтичките држави во 1940 година беше дел од наци-советската алијанса меѓу Сталин и Хитлер и пактот кој го потпишаа Молотов и Рибентроп. Путин се обидува да го врати влијанието во земјите кои се наследство од ерата нацизмот со кој Сталин беше во срдечна прегратка до почетокот на операцијата „Барбароса“ на 22 јуни 1941 година.

По овој краток поглед кон историјата, може да стане само уште појасно со какви амбиции (на Путин) се соочува светот.

Македонскиот контекст

Јасно е и зошто Русија, преку својот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и руската амбасада, вредно работеа на минирање на сите процеси за демократизација и излегување на Северна Македонија од меѓународната изолација во која ја турна режимот на поранешниот премиер, Никола Груевски.

Во една прилика во мај 2018 година, среде Скопје, ни помалку ни повеќе, туку на настан на Факултетот за безбедност(!), тогашниот руски амбасадор Олег Шчербак отворено ѝ се закани на нашата земја, на нејзината сувереност и безбедност, доколку продолжи со приближувањето кон НАТО. Тоа е само еден од бројните примери за грубото руско мешање во внатрешните работи на Северна Македонија. И ехо на отворените закани кои доаѓаа и од самиот Лавров.

*

Украина буквално со крв ја плаќа својата слобода и сувереност, под постојан напад од Путиновиот милитантен режим и со руска чизма на голем дел од својата територија. Околу 14.000 луѓе од кои 3.300 цивили, загинаа во борбите меѓу руската армија и проруските сепаратисти во окупираните подрачја на Украина од 2014 година до сега.

Ако Путин одлучи да нападне, воено-политичкиот пожар овојпат се заканува да го зафати целиот свет.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. 
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ