„Вложивме максимални напори за да го добиеме она што ни припаѓа. Ништо повеќе освен тоа што го заслуживме. Тоа не го велам само јас. Тоа веќе го кажаа голем дел од премиерите на земјите членки на ЕУ и канцеларката Меркел, не само преку писмо до ЕК, туку и ние го слушнавме тоа. Всушност, ако сакаме да погледнеме директно во очи на вистината, тоа е она што го кажав пред некое време, гледајќи од сите контакти и дискусии дека процесот се движеше кон судир на пристапи меѓу Франција и Германија и значителен дел од фронтот „ДА“. Германија настојуваше да се каже „ДА“. Франција не се согласи да продолжи процесот. Бара внатрешна реформа на ЕУ и трансформација на самиот процес на интеграција“, изјави Еди Рама, премиерот на Република Албанија вчера.
„Процесот одеше кон судир меѓу Франција и Германија. Германија направи придвижување со надеж дека ќе дојде до компроимис поставувајќи едно „но“, меѓутоа по новите средби меѓу Меркел и Макрон ова прашање било дискутирано и од негова страна немало никаков исчекор. Тој искажал некои работи уште поотворено од претходно. Франција не прифати да продолжи со процесот. Франција бара внатрешна реформа во ЕУ и трансфпормација на интегративниот процес, дури и до тоа да се дојде и нов начин за хоризонтот на интеграција.“
На новинарско прашање дали размислува за оставка, што од него го побара опозицијата, идентично како и македонската опозиција што бара оставка од неговиот македонски колега Зоран Заев, тој рече дека „имаме многу нешта да направиме и немаме време за губење заради задоволство на оние кои немаат работа и не знаат да најдат работа за себе“.
Рама додаде дека во ниту еден момент нема да побара иницијатива за доверба од албанскиот Парламент за да се отвори патот за неговото заминување или потврда да остане владата, бидејќи земјата не успеа да ги отвори преговорите за пристапување во ЕУ. Тоа, додаде тој, може да го побара од францускиот Парламент.