• Latest
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Рамковен договор

August 13, 2020
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Рамковен договор

August 13, 2020 13:19
in СЛОБОДНА ЗОНА
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Бев сведок на случувањата од 2001 година. И на склучувањето на Охридскиот договор. Бев професор со свое мислење и став.

Го поддржав договорот, меѓутоа во сите години подоцна нагласував дека Охридскиот договор не смее да се претвори во извор на право, туку треба да биде мировен договор со кој ќе се заврши еден бесмислен конфликт.

Сè уште го мислам тоа и мислам дека постоењето на Охридскиот договор надвор од историскиот контекст и неговата постојана употреба претставува урнисување на правото во Македонија и оневозможува воспоставување на правната држава.

Овој текст е објавен во УТРИНСКИ, 18 септември 2001

Има моменти во кои човек мора да се определи дали е против или е за нешто. Во јавност или само пред себе, преку референдум (по право и пропис, а не по наоѓањето на луѓе кои не нашле за потребно да го прочитаат Уставот и законот), или не, едноставно мора да заземе став и да се изјасни.

Јас се решив, и сметам дека треба да се поддржи Рамковниот договор потпишан во Охрид. Го поддржувам овој договор, пред сè, во име на мирот кој единствено може да обезбеди опстанок на мојата земја и натамошен развој полезен за сите нејзини граѓани.

Сметам дека во оваа и ваква ситуација треба да го поддржам овој договор и покрај тоа што е донесен во врска со конфликт за кој граѓаните на Македонија имаа многу малку шанси да се изјаснат и да решаваат. Конфликтот почна, се изведуваше и траеше на начин и како резултат на дејствување на факторите и на субјектите надвор од влијанието на самите граѓани. Никој не ги праша ништо граѓаните кога се изѕидуваа темелите на конфликтот, не ги праша ниту во моментот кога требаше да се реши на кој начин да се реагира, ниту пак за начинот на завршување на конфликтот. Граѓаните беа тука само пасивни набљудувачи чија задача беше да се тргаат на страна (случајно да не ги погоди некоја бомба или куршум), да внимаваат да не бидат киднапирани (од било кого), да излегуваат одвреме-навреме на митинзи диригирани одозгора (најчесто со цел, оние што се малку подолу да се искачат малку погоре) и да реагираат емоционално (само пожелно е тоа да биде кратко и контролирано) во моментите кога ќе биде пуштена крв од нивното граѓанско тело.

Не беше дозволено да се одговори на прашањата: Како дојде до конфликтот? Дали можеше да биде избегнат? Дали имаше сознанија за тоа дека работата се ближи кон конфликт? Кој е одговорен за тоа што дошло до конфликт? Што било направено за да се спречи конфликтот и неговото разгорување во толку големи размери? Кој ќе одговара заради тоа што дошло до конфликт и уште повеќе, кој ќе одговара за последиците од конфликтот? На нас граѓаните сега останува молчешкум да го поддржиме Договорот во име на мирот кој некој друг го наруши и во име на мирот кој некој друг не знаеше да го заштити и во име на мирот кој некој друг го жртвуваше од многу нејасни причини и со крајно нејасна цел.

Треба да го поддржиме политичкиот договор донесен во услови на насилство и како резултат на употреба на сила, во кој експлицитно се истакнува дека, целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување на политички цели, со надеж дека насилниците (кои било да се) ќе бидат чесни и ќе се придржуваат до овој договор.

Го поддржувам овој Договор и во име на правната држава и нејзината иднина во оваа земја, во име на владеењето на правото и во име на демократијата. Затоа што ниту правната држава, ниту демократијата немаат шанси да опстанат во услови на оружен конфликт и континуирано насилство.

Го поддржувам овој Договор и покрај тоа што знам дека тој нема никаква врска со правото и со демократијата.

Неспорно е дека овој Договор претставува диктат на насилството што претходно го оспорило и негирало секое право, систем, структура и демократска процедура. Во Договорот се пропагираат и се ветуваат демократија и правна држава со многу сомнителни темели и под многу сомнителни услови.

Демократска процедура да, ама ако не ни се допаѓа, тука е планината. Правна држава да, ама ако не е секогаш во моја корист, ене ја каде е планината. Процедури, критериуми, систем, сѐ да, ама ако не бидам избран немам друг излез освен, в планина.

Го поддржувам овој Договор, меѓутоа, би сакала да потсетам дека правната држава и демократијата не се само Уставот и законите и структурата и системот и организацијата, туку и нивното прифаќање и почитување, нивното применување во секој случај и секогаш на ист начин, нивното менување во законска и демократска процедура (а не по принципот земи или остави, кој се сугерира во точка осум од Рамковниот договор во врска со уставните амандмани).

Правото и демократијата се градат и надградуваат постепено, со години, низ заедничката заложба на генерации и генерации луѓе кои ги почитуваат и употребуваат. Тоа се крајно несовршени зданија во кои е вградена идејата на луѓето за совршенството. Кога насилно ќе се урнат, после мораат да се лепат со вакви договори. Ама тоа е само лепенка, крпеница која се гледа оддалеку и која ја ослабува структурата одвнатре.

Го поддржувам овој Договор во име на човековите права и нивната промоција и заштита. Во име на животот (како базично човеково право), во име на различноста (како една од основите на концептот на човековите права), во име на можноста за избор и во име на слободата (без кои концептот на човековите права е бесмислен).

Го поддржувам овој Договор и покрај тоа што сум свесна дека во него многу малку се зборува за правата на индивидуате и за нивната заштита од страна на државата и во однос на државата. Еднаквото присуство во системот (без сигурноста дека станува збор за демократски систем насочен кон промоција и заштита на човековите права и слободи) може да биде и еднаквост неказнето да се повредуваат правата и слободите на граѓаните, може да биде и поделба на сферите и влијание на олигархиски или криминални структури, може да биде споделување на диктатурата.

Со овој Договор е направен чекор наназад во однос на промоцијата на различноста кога е негирана преамбулата на Уставот во која се спомнуваат сите етницитети кои традиционално живеат на овие простори (и која е единствена преамбула на Устав на светот во која фигурираат Власите и Ромите како рамноправни ентитети со другите етнички заедници). Со овој Договор е направен чекор наназад во однос на слободата на изборот кога на внатрешно раселените лица не им е дадена шанса самите да решат дали и под кои услови ќе се вратат во домовите од кои не по своја волја (насилно) се иселени. И во овој договор исчезнала индивидуата. Во сè.

Го поддржувам Договорот потпишан во Охрид и покрај неговата очигледна контрадикторност и неконзистентност (како она дека не постојат територијални решенија за етничките односи (точка 1,2) наспроти одредбата дека до крајот на 2002 година ќе се усвои ревидиран закон за општинските граници, земајќи ги предвид резултатите од пописот; или она дека мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се зачува, меѓутоа јазичните права чудно се поврзуваат со етницитетите кои имаат над 20% популација во вкупното население; или она дека сите верски заедници и религиозни групи се еднакви пред законот, само што три од нив заслужуваат поименично да бидат споменати во Уставот; или она дека треба да прекинат непријателствата со тоа што потполно ќе бидат разоружени етничките албански вооружени групи, а не се спомнува ништо за разоружувањето на етнички неалбански вооружени групи, или ако одиме кон амнестија – тогаш амнестија и за едните и за другите; како и она дека се стимулира граѓанскиот модел, а сите решенија се решенија кои се однесуваат на колективитетите и можат да се остварат единствено ако човек се приклони кон некој од тие колективитети).

Најмногу од сè, го поддржувам Договорот потпишан во Охрид, затоа што не верувам дека луѓето кои ја држат власта во свои раце во моментов имаат капацитети, сили и знаења за нешто подобро.

Меѓутоа, она со што никако не можам да се согласам е да ми бидат украдени 50 години од историјата во кои оваа земја ја градела својата државност и го достигнала својот најголем економски и културен развој (што отворено и бесрамно се прави во предлогот на новата преамбула на Уставот). И никако не можам да се согласам од човек да станам припадник на заедница и наместо моите човекови права, да бидат заштитени правата на заедницата на која морам да ѝ припаѓам (сакала јас или не). И, навистина не можам да гарантирам дека ќе ги почитувам Уставот и законите донесени врз основа на овој Договор.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторката.
Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ