• Latest

Расте бројот на оздравени, состојбата под контрола само со одговорност

May 7, 2020

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025

Гладните ќе влезат ли во „електронскиот“ попис?

July 1, 2025
Фото: ВИ

ЦИВИЛ: Русија ја претвори Украина во бојно поле на страдање – светот мора да застане на страната на правдата и човештвото!

July 1, 2025
Марта Кос (Фотографија: Скриншот од видео МИА)

Кос: Европа не може да биде обединета без Западен Балкан

July 1, 2025

Фајнанс тинк за ребалансот на Буџетот: Проектираниот раст на даночните приходи амбициозен

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Расте бројот на оздравени, состојбата под контрола само со одговорност

May 7, 2020 08:40
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ја добивме првата битка со коронавирусот. Само ако сме сите совесни и одговорни ќе успееме да ја држиме ситуацијата под контрола, објави вчера оптимистички министерот за здравство Венко Филипче, притоа укажувајќи дека враќањето на животот во нормала ќе се одвива постепено, внимателно и со задолжително почитување на мерките за заштита.

Оптимизмот на министерот се должи на тоа што во изминатите денови поголем е бројот на оздравени од новопотврдени на КОВИД-19 (вчера 44 наспрема 13), како и поради добрата состојба на пациентот кој 12 дена беше на респиратор во ГОБ „8 Септември“.

Тој е прв во државава од почетокот на епидемијата кој е исклучен од машина и сега може самостојно да дише. Добрата здравствена состојба на 38-годишниот пацинет вчера ја потврди и директорот на болницата, Христијан Костов.

– Пациентот сам дише, зборува, свесен е. Веројатно така и ќе продолжи. Ако е во добра состојба уште 24 часа ќе биде преместен од Интензивна нега на оддел. Пациентот неколку дена прима озонска терапија, има протокол на лекување и му даваат антибиотици и антиинфламаторни лекови, рече директорот на ГОБ „8 Септември“, каде што на респираторна машина се уште тројца пациенти.

Во вчерашната евиденција на Министерството за здравство во поминатите 24 часа имаше и двајца починати – 55-годишен пациент од Прилеп, кој во ГОБ „8 Септември“ бил хоспитализиран на 22 април и 13 дена приклучен на респираторна машина, а во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај, кај кого посмртно било потврдено присуство на вирусот.

Од  почетокот на епидемијата во земјава КОВИД-19 е потврден кај 1539 лица, оздравени се 1057 и починати 88. Активни случаи има  394. Една третина од вкупниот број заразени (515) се во Скопје, а следна општина по број на дијагностицирани е Куманово со 402. Случаи со потврден вирус има во уште 26 градови.

Општината Кисела Вода вчера соопшти дека до 12 мај нема да работи со странки откако вработен се заразил со вирусот, а пет негови колеги кои биле во контакт со инфицираниот ќе бидат во карантин. За состојбата во Општина Кисела Вода информиран е и Центарот за јавно здравје. На странките кои имаат прашања до Општината им е препорачано да се обратат телефонски.

На Инфективната клиника вчера бил примен еден пациент, а во ГОБ „8 Септември“ има пет нови пациенти. Во болницата во Битола се лекуваат тројца пациенти, во штипската болница четворица, а на ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во штипскиот регион се регистрирани 34 случаи, од кои двајца се починати. Над 80 отсто од случаите веќе се во бројката на излекувани, меѓу кои и здравствените работници и тие  се на своите работни места.

Во Прилеп вчера  беа евидентирани тројца новозаболени, а девет пациенти се излекувани од заразата. По еден излекуван пациент има и во општините Крушево и Пласница.

Позитивни вести има и од Тетово каде што во изминатото деноноќие првпат немало лица кои се упатуваат за 14-дневна изолација во нивните  домови како суспектни на коронавирусот. Немало потреба од издавање решенија од Државен санитарен и здравствен инспектора или изјави за самоизолација.

За постепеното нормализирање на секојдневието се подготвуваат протоколи од Комисијата за заразни болести и Владата односно Министерството за здравство.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека Владата наскоро ќе донесе одлука за отворање на кафетериите и рестораните, но и дека за угостителскиот сектор ќе следува и нова поддршка од државата откако ќе бидат отворени.

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, пак, соопшти дека работат на протокол со кој ќе се овозможи повторно отворање на градинките и нивно безбедно функционирање. 

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ