Со ратификацијата на Протоколот за пристап на Северна Македонија во НАТО, од страна на Соединетите Американски држави, остануваат уште четири земји членки да го ратификуваат истиот за, конечно, целата процедура да заврши со потпишување и ратификација на Договорот во Собранието на Северна Македонија.
До сега, Договорот го ратификуваа 25 земји членки, и тоа: Албанија, Данска, Полска, Грција, Турција, Белгија, Германија, Португалија, Естонија, Луксембург, Бугарија, Летонија, Романија, Канада, Италија, Хрватска, Литванија, Словачка, Унгарија, Велика Британија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Република Чешка и последно, Соединетите Американски Држави.
Остануваат уште четири држави кои треба да го ратификуваат Пристапот на земјата во НАТО Алијансата. Тоа се Исланд, Франција, Холандија и Шпанија.
Официјалното членство се очекува да се случи во февруари 2020 година, поради закажаните избори во Шпанија.