• Latest

Ребалансот на буџетот да ги менува приоритетите!

June 27, 2017
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ребалансот на буџетот да ги менува приоритетите!

June 27, 2017 16:38
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За време на третиот камп на граѓанската иницијатива „5 до 12“, поставен во паркот „Жена борец“, беа остварени повеќе работни средби со засегнатите страни, во проблемот и барањата за решавање на проблемите на лицата со попреченост и на нивните семејства.

Состаноци беа одржани со министерот за здравство Арбен Таравари, министерката за образование Рената Дескоска, Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, како и со претставници на партиите ЛДП и ВМРО-ДПМНЕ, со директорката на Клиниката за детски болести д-р Аспазија Софијанова и со работната група во Министерството за труд и социјална политика.

На средбите беа повторени барањата на иницијативата „5 до 12“ и ставовите за неутралност во однос на партиска или политичка определба, и за обединетост без разлика на јазик, боја на кожата, вера или религија.

Од „5 до 12“ понудија директно учество во процесот на изготвување на законски и подзаконски акти, решенија за дел од барањата и директно учество во процесот на имплементација на решенијата и изготвување на акционен план и временска рамка за извршување, соодветно приритетите и барањата по категории.

Како што информираат од иницијативата, состаноците поминале успешно со позитивен одговор за учество на иницијативата во работните групи во Собранието и во министерствата.

„Потврдија согласност за менување на приоритети во следниот ребаланс на буџетот. Потврдија потреба од почести работни состаноци заради изнаоѓање на брзи решенија за барањата и се согласија за заедничко изготвување на акционен план и на временска рамка за извршување, соодветно приоритетите и барањата по категории“, стои во соопштението на граѓанската иницијатива „5 до 12“

Следните активности на членовите на оваа иницијатива се подготовка на меморандум на соработка за остварување на задачите и целите на иницијативата и подготовка на Акционен план 2017/18.

„Работни состаноци и консултации за активностите на иницијативата се одржуваат секој работен ден од 12:00 до 15:00 часот во просториите на граѓанската иницијатива ‘5 до 12’. Сите поддржувачи, претставници на здруженија, неформални групи на граѓани, родители и лица со посебни потреби, се добредојдени, да учествуваат во процесот на припрема на стратешките документи, вклучително и во организација и реализација на активностите на иницијативата“, повикуваат од иницијативата.

Tags: „5 до 12“камплица со посебни потребиСобраниесредби
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ