ЦИВИЛ Медиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што треба да се направи за ефикасна борба против корупцијата?
Во Индексот за перцепција на корупцијата за 2024 година, Македонија бележи нов пад – сега сме на 88. место од 180 држави каде што врши ова рангирање. Полна им е устата на политичарите дека ќе се борат против корупцијата, но земјата тоне на оваа меѓународна ранг листа за корупцијата. И едните и другите, и третите и четвртите – сите се „борат“ против корупцијата. Но ништо не се менува.
За да се сопре корупцијата граѓаните бараат поригорозни казни за корумпираните пред се политичари, судии, адвокати… за да бидат пример за останатите. Исто така велат дека без започнување на преговори со ЕУ, преку отворање на поглавјата и испорачување на стандарди и системски решенија, нема да има решение на овој проблем. Со други зборови, неопходна ни е институционална, системска и ментална европеизација.
Во прилог ви пренесуваме дел од коментарите на граѓан(к)ите:
- На позајмица од Северна Кореја судии и обвинители. Само една година.
- Треба да се прогласи за конститутивен елемент на Нордот. Да влезе во Уставот. Северна Македонија е втемелена во корупцијата како вековна традиција на македонскиот народ… итн.
- Собна прашина, протекција и корупција се неизлечливи болести и секогаш ќе постојат.
- Без започнување на преговори со ЕУ, преку отворање на поглавјата и испорачување на стандарди и системски решенија, нема да има решение на овој проблем. Со други зборови, неопходна ни е институционална, системска и ментална европеизација.
- Прво треба да имаме некој што не е корумпиран па да се бори проти корупцијата. Ние такви немаме, и мора да се помириме до судбината.
- Да се донесе закон кој ќе се фати сечење на рака и решен проблем.
- Да се исели народот и Македонија да се насели со друг народ. За жал ние што е правилно и корисно не прифаќаме.
- Смо Голи оток, доживотен затвор и да му се даде да работи да не јаде леб. Да му се заплени све живо и диво до трето колено тогаш ќе размисли дали ќе краде или ќе бара мито.
- Само јавно камшикување, кој помини – замини удри со камшикот.
- Само влез во ЕУ! Инаку, овој народ нема шанса! За ништо!
Д.М.
Фото: ВИ