ЦивилМедиа на својата Фејзбук страница го постави ПРАШАЊЕTO НА ДЕНОТ: Што мислите за безбедноста на патиштата?
Во пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека патиштата се во лоша состојба, но и дека граѓаните немаат доволно сообраќајна култура.
„Безбедно плаќаме патерини. Другото е no comment“.
„Катастрофа“.
„Во Тунгузија се подобри од Макеоднија. Дупка до дупка, катастрофа“.
„Лудница“.
„Хорор!“.
Патиштата се безбедни кога не се користат.
Сепак, во каква состојба и да се патиштата, учесниците во сообраќајот се тие кои дополнително ги прават небезбедни патиштата, но и сè останато.
„Пред сè безбедноста зависи од нас учесниците, нашата недозреаност, невоспитаност, раскалашеност и …, и секојдневно го плаќаме тој данок во живот, ама ум не ни доаѓа“.
„Катастрофа, по улиците бесно се возат, и да внимаваш ќе те соберат. 30 % од возачите, то ест синовите и ќерките на недопирливите снобови, независно дали е сдсм или вмро на власт се недопирливи за законот и правдата, со милионите евра опљачкани преку тендери од двете криминални банди, таканаречени политички партии, плаќаат се, буквално се . Неказнивоста , корупцијата , подмитливоста и дупките во законот се најголемиот проблем на ова парче земја , рај за мафијата и криминалците“.
„Патиштата арни се, ама возачите не знаат да возат, сè се случува од брзо и небезбедно возење“.
„Во цела таа безбедност најважен е човечкиот фактор. Народот никаде не е безбеден, и по патиштата и по улиците, односно на пешачките премини. Никаде нема толку мртви како кај нас. Правило број 1, мора да се примени правилото како овде. Вреднување на сите прекршоци додека дојде до лимитот, и тогаш се о д з е м а возачката. За поново да се полага мора куп тестови да помине што не е баш така лесно“
„Има по некоја дупка, но генерално патиштата не ги убиваат луѓето туку луѓето се убиваат сами или убиваат други луѓе“..
.Б. Ј.