Цивил Медиа на својата Фејсбук страница го постави прашањето – Што ја одбележа 2024 година?
Изборите на 8 мај и промената на власта е настанот што ја одбележа 2024 година според коментарите на граѓаните. Едните сметаат дека Македонија е ослободена од предавниците, додека други сметаат дека се вративме во 2006 и повторно станавме заробена држава.
Ви пренесуваме дел од коментарите:
- Помилување на мафијаши, ЈСП без нафта, пуштањето на Гаши.
- Новата окупација на Македонија од старите идејни скотови кои имаат задача да ја опљачкаат декапацитираат и десубјективизираат, народот им ги даде пушките на менталниот инженеринг и се нареди пред ѕидот на медиумите за стрелање во мозок.
- Ќе го вратиме името! Сиромаштија! Лоша надворешна политика која нè води во бездна!
- Лажењето на Мицкоски, и колениците што го болат.
- Најави до 8 мај и ветувања за Македонија повторно твоја и горда… и на крај Северна ви остана ваша.
- Падот на Заев, високи цени, лоша надворешна политика, новогодишна кошничка и многу починати дечиња.
- Големата инглација и задолженоста на народот.
- Шок цени 15.000 до 20.000 пивеќе трошоци од семејни буџет за разлика од 2023., нарочито ноември и декември 2024 се убивачки со превисоки сметки и цени за по лекарства и лекарски прегледи.
- Втората половина на 2024, лаги, скапотија, политички притисоци, лоша внатрешна и уште полаша надворешнма политика, апсења, прогони…
- ПАДОТ НА НАЈГОЛЕМАТА МАФИЈАШКА И КОРУМПИРАНА ВЛАДА НА БАЛКАНОТ!
- Високи цени, скапотија, сиромаштија, меѓуетничка омраза…
- Изборот на најаматерската Влада.
- Ништо значајно само што народот ја даде власта на погрешни политичари.
- Ослободување на Македонија од криминалната влада.
Д. М.