Цивил Медиа на својата Фејсбук страница ги праша граѓан(к)ите – Која е вашата новогодишна порака?
Граѓаните посакаа мир во светот, да нема глад и сиромаштија, искрени и посветени политичари кои ќе мислат на народот а не само за своите лични потреби, да се намали корупцијата и да нема криминалци и мафилаши по улиците…
Ви пренесуваме дел од новогодишните пораки на граѓан(к)ите:
- Ние не можеме да сфатиме дека историјата не е тоа што некој го направил во минатото играјки си со идеите, ресурсите и времето, туку е феномен кој настанува кога човековата субјективност како контрапункт се одразува во природната материјалност што ја сочинува стварноста. Значи не Гоце, Моце и Доце, не идиотскиот комитлак, не ни АСНОМ, дури ниту Јајцето не може да влијае на нашата денешна моќ, туку само тоа што ние го работиме денес и последиците на тоа што го работиме или не го работиме врз стварноста. Со Гоце Делчев нема да не пуштат ниту на концерт на Леб и Сол, камо ли во Европската унија! Со Мицко, вмро и одбраната на таканаречените национални интереси, стварноста на дава голови како Акуња од Вулфси на Манчестер јунајтед, тие односно сите ние, работиме на крајот на историја, тие се добри за лошо друштво в кафеана, за општите работи мора да имаме некој што ги разбира овие работи, пишува Branko Trickovski.
- Мир, соживот, единство и меѓусебно разбирање меѓу сите политичари, и лојалност према Македонија. Би препорачала да се поведе повеќе сметка и за пензионерите да се усогласуваат пензиите како и платите. Зголемувањето од 2500 ден. не се ни чуствуваат како да пропаднаа во бунар, пишува Vaska Petrovska.
- Да се укине секаков вид на имунитет и неказнивост оти тоа е најголемиот проблем. Поголем дел од политичарите се кандидираат за пратеници заради не казнетото крадење. Во светот да престанат војните и да се праша таа В.И.дали може светот да живее без војни, пишува Borce Temelkov.
- Да е ист закон како за сиромашните граѓани така и за Претседателот, пишува Remzo Rebronja.
- Власта да не го малтретира народот, пишува Slavica Zajkovska.
- Да сме здрави и живи, да нема гладни и расплакани деца, политичарите да мислат повеќе на народот од колку на себе, да се почитуваме ,да сме среќни и мир да има на целата планета. Среќни празници!, вели Gordana Jordanovska.
- Памет во глава. Повеќе работа, помалку продавање магла!, вели Naser Hodza
- На изгубениве и исплашени Македонци, Дедо Мраз да им поклони по едно апче за освестување од исплашеноста за името, презимето и Бугарите…, вели Кирил Мирчески.
- Политичарите да работат за интересите на државата и населението, а не само за лично богатење, под превезот: “многу работиме” и подалеку од влијанието во судството и партизација на државата, вели Biba Pusevska.
- Мир во светот, здравје на сите, среќа, благосостојба во секој дом, нормални политичари што ќе се грижат за народот, за државата, за младите. Доста ни се мафијаши, доста ни е корумпираност, лаги и потпалувачи на соживотото. Сите сме луѓе од крв и месо, со исти потреби, со исти желби, вели Santina Celeska.
- Перманентно да се забрани пристап до интернет за повеќе од 50% во Македонија, вели Darko Dimitrov.
- Ред, закон и почит… Одговорно и доследно за да ја вратиме довербата во институциите и да заживее државата, вели Сашо Блажевски.
- Да нема војни, глад и негативни луѓе, вели Снежана Радуловска
- Да престане омразата меѓу луѓето. Таа е наметната, раскарај па владеј. Да живееме нормално, вели Elizabeta Vrhovec Dimitrieska.
- Бидете СРЕЌНИ И НАСМЕАНИ, вели Violeta Apostolovska.
Д. М.