ЦИВИЛ Медиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за тоа вандалите и нивните родители да вршат општокорисна работа ако уништуваат јавни површини?
ЗЕЛС достави до Владата иницијативата малолетниците вандали да вршат општокорисна работа, за спречување на насилство и уништување на јавниот простор и очекува Владата и сите надлежни институции да ја поддржат оваа иницијатива.
Граѓаните се согласуваат со идејата вандалите и нивните родители да вршат општокорисна работа, но и да платат парична казна за штетата што ја направија.
Ви пренесуваме дел од коментарите на граѓан(к)ите:
Своевремено во каменолом кршеа камења, правеа коцки за поплочување на улиците, денес се плашат да не им се наруши „психата“…
Вандалите и нивните родители треба да се запишат во вандалницата на вмро за усовршување.
Таа општокорисна работа треба да биде во сооднос 10:1. Ако уништил или оштетил јавна површина истите тие треба да култивираат десет такви површини и тоа под СТРОГ НАДЗОР.
Добра идеја но нема кој да ја спроведе. Секако родителите да ја платат штетата.
Па нели постои во законот таква одредба, само што нема кој да ја спроведе.
Бидејќи родителите не ги воспитале правилно треба за нив драконски казни, парични и општокорисна работа.
Море по 10.000 евра да платат родителите, пак децата нека кршат.
Д. М.
Фото: ВИ