• Latest

Реакции по „метлата“ на Заев

May 27, 2019

Владата ја пушти „втората рата“ од 17 километри од делницата Кичево – Охрид

September 7, 2025

Тинејџери шетаат со пиштоли на улица и во кафуле – полицијата интервенира, но каде е системот?

September 7, 2025
Фото: МВР

Пијан возач со тротинет удри во толпа на протест против „Вардариште“ во Аеродром

September 7, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Вучиќ го разреши „непослушниот“ командант на антитерористичката единица Спасоје Вулевиќ

September 7, 2025

Во болницата во Кочани се задржани четири пожарникари, осуммина се на Токсикологија во Скопје

September 7, 2025

(Видео) Русија погоди владин објект во Кијив, загинаа три лица меѓу кои и едно бебе

September 7, 2025

САД со нови предлози за примирје и ослободување на заложниците во Газа

September 7, 2025

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

September 7, 2025

Пожарот во „Винчини“ ставен под контрола, повредени неколку пожарникари – згазиле во стопен шеќер

September 7, 2025

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

September 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Реакции по „метлата“ на Заев

May 27, 2019 14:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По синоќешната седница на Централниот одбор на СДСМ, на која беа разрешени Александар Кирацовски, досегашен генерален секретар на партијата, како и сите шест потпретседатели на СДСМ: Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Мухамед Зекири и Благој Бочварски, координаторката на Форумот на жени, Цветанка Ласкова, организацискиот секретар Миле Зечевиќ и целиот Извршен одбор, премиерот Зоран Заев најави дека ќе бидат сменети уште најмалку тројца министри и неколку директори на јавни претпријатија. Дел од разрешените со реакции до јавноста:

Кирацовски: Како поединци, не сме воопшто битни

„Нашите функции и кариери се помали од нашиот интегритет и подготвеноста да се ставиме во функција на вишите, заеднички цели“, сто во реакцијата на Кирацовски.

Понатаму, тој му се заблагодари на премиерот Зоран Заев за укажаната доверба, но и на семејството за кое истакна дека во изминатиот период поминало низ многу тешки и неправедни моменти поради неговата функција.

Николовски: Ќе работиме со силна контрола

Досегашниот министер за земјоделство Љупчо Николовски, отсега ќе ја извршува функцијата генерален секретар на партијата, на местото на Кирацовски.

„Пораката од граѓаните е примена и СДСМ донесе, како и во претходниот период храбри, решителни одлуки коишто ќе бидат од интерес на сите граѓани. Ќе работиме пред сѐ на силна контрола за тоа како се реализира нашата програма, програмата на СДСМ и нашите ветувања кои беа дел од нашите кампањи. Заради тоа што работиме силно и посветено како досега и на меѓународен план, за силниот напредок што го направивме во овие две години на чело со претседателот и премиерот, во следниот период доаѓа период во кој навистина и преку инструментите на СДСМ ќе бараме отчетност од сите избрани функционери, ќе бараме отчет од градоначалниците, од локалните самоуправи и точно ќе ја следиме реализацијата на нивната програма, на секој градоначалник, на секој директор, за која мерка, за која политика до каде е самата реализација“, рече Николовски и најави дека деноноќно ќе работи на изградба на еден систем на отчетност и чесност и на одговорност и на посветеност сѐ во функција на реализација на ветувањата.

Шилегов: Во политиката ништо не е вечно

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов рече дека во политиката ништо не е вечно и како дошле, така ќе си заминат. Тој исто така изјави дека ако добро ги следат луѓето, политиките кои ги креирал и стратегиите коишто ги креирал во изминатава една и пол година, од како е градоначалник, ќе видат и ќе знаат што сѐ Градот работи на изминатава година.

„Прво би сакал да ги разликуваме поимите разрешен, сменет и дадена оставка. Јас заедно со другите другари, потпретседатели на СДСМ, во текот на минатата недела ги понудивме нашите оставки и вчера Централниот одбор ги прифати тие оставки. Второ, уште пред седницата на Централниот одбор вчера, јас истакнав дека наша задача како луѓе е победата којашто ја имаме на претседателските избори и да креираме внатрепартиски политики коишто ќе верификуваат таква идна победа на парламентарните избори со цел во Македонија конечно да го елиминираме простотилакот, примитивизмот фашизмот што го промовира ВМРО-ДПМНЕ во последните 15 години“, истакна Шилегов.

Спасовски: Премиерот Заев е во право

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска изјави дека премиерот Зоран Заев е во право што ги ослободил од обврските сите потпретседатели на владеачката СДСМ, како и генералниот секретар и други функционери. Според Спасовски, кој и самиот е меѓу разрешените, вели дека никој не се противел на одлуката, но не одговори дали повторно ќе конкурира за реизбор на истата функција.

„Тоа е одлука на претседателот на партијата кој ги предлага функционерите, но тоа воопшто не е важно. Важно е дека сите ние се согласивме дека мораме да ги промениме, да ги подобриме, да ја зајакнеме структурата на партијата. Знаете ова ретко го прави партија која што е на власт и која што ги добила изборите. Ние веднаш по добивањето на претседателските избори пристапивме кон анализа и кон подготовка за победа на следните парламентарни избори“, изјави денеска Спасовски по синоќешната т.н. „чистка“ на Бихаќка.

Ременски: Мојата борба не започна со партиски или политички функции, нема ни да заврши без нив

„Донесените одлики се донесени, без грам суета, туку одлучно како што личи на луѓе со интегритет и визија за очекувањата! Доаѓа време за испорака на мотото за кое се боревме и во кое веруваме сите ние, дека: ‘Одговорност мора да има’ и ‘Никогаш да не се повтори’. Му благодарам на претседателот и заменикот претседател на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за довербата. Борбата продолжува!“, напиша Фросина Ременски.

Сугарески: Ќе ја почитуваме секоја одлука на премиерот

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, истакна дека има потполна доверба во одлуките на премиерот, околу чистката.

„Мислам дека во неколку наврати дадов изјава кои се моите очекувања и имам потполна доверба како и министерот Спасовски, како што кажа, во одлуките на премиерот. Ние разговараме отворено за сите прашања, работи кои се поврзани со нашата надлежност, бидејќи станува збор за државни интереси, така што секоја одлука на премиерот ќе ја почитуваме“, рече Сугарески.

М. И.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share62Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: ДИК – 69 независни кандидати за градоначалници, предизборна прислушувачка пресметка Филипче – Мицкоски, Додик и Вучиќ со пораки до ЕУ преку Путин

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ