• Latest
Фото: А.М.

РЕАКЦИИ: Промената на државниот грб е одвлекување на вниманието од реалните проблеми

February 14, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Промената на државниот грб е одвлекување на вниманието од реалните проблеми

February 14, 2025 15:18
in ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Фото: А.М.

Фото: А.М.

Share on FacebookShare on Twitter

Цивил МЕДИА на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што треба да содржи синдикалната кошничка за да ги задоволи критериумите на Мицкоски?

Одговорите кои ги оставија граѓан(к)ите во поголем дел се негативни за намерата на Владата да го смени државниот грб. Повеќето се согласни во едно, дека Владата на Мицкоски треба да се фокусира на реалните проблеми во државата, како што е ниските плати, лошиот животен стандард, високи цени на производи, ниска минимална плата и многу други полиња од општеството кои што е подобро Владата да стори нешто во врска со тие и да го подобри целокупниот животен стандард на граѓаните одколку да се занимава со не суштински работи, впрочем и најчестиот збор на премиерот Мицкоски во свои изјави го користи зборот „суштинско е тоа, суштински е тоа“, но граѓаните мислат дека ова прашање со промена на државниот грб воопшто не е суштинско.

Во прилог одвоивме дел од коментарите оставени од граѓан(к)ите:

• Уште една алатка за замајување на народот.

• Типична вмровска, антимакедонска, уништувачка политика. Од кога постои вмро, се бори против стварањето на самостојна Македонска држава а кога конечно се створи првата македонска држава без и минимално учество на патриотите вмровски, главната цел на вмро е да ја урнисаат Македонија и при тоа не бираат средства за да збришат сосема. Алооо патриоти свесни ли сте кон што водат овие најави на Мицко, свесни ли сте кој ја води државава и каде ја води.

• Мислиме дека оваа “држава” конечно треба да престане да се занимава со споредни и небитни работи и да за зафати за многу побитни и поважни работи како што се економијата, здравството и образованието.

• Баш е убав грбот. Опфатени се сите елементи од нашето поднебје. Ни случајно да не се менува. Зад ова се крои тешка корупција. Повторно менување лични документи и се што е во врска со административни работи.

• Кога немаш знаење да го зголемиш стандардот на граѓаните, ОСНОВНА РАБОТА И ЗАДАЧА НА СЕКОЈА ВЛАСТ, тогаш ќе се занимаваш со работи кои само ќе го поларизираат општеството а ништо суштествено нема да променат.

• Апсолутно не потребно! Безобразен предлог! Тотално непатриотска идеа од бичим “патриотите”!

• Ако ги одблокираат преговорите за ЕУ – нека менуваат грбови, глави, раце, нозе – немам против. Ама до тогаш – ова е мачкање очи, мижи да те лажам, и сл.

Имаше и по некој ироничен коментар кој го одвоивме од речиси 190 коментари вкупно оставени на фејсбук профилот на Цивил:

• Едно од суштинските прашања за државава во моментов!

• До грбот дојдовме!!? Браво! Се друго е супер. Вистински патриотски чин.

• После јакиот економски раст, подобрување на животниот стандард на граѓаните дојде редот да се смени државниот грб… потоа следува повторно мењавање лични карти пасоши возачки дозволи со новиот грб и како да не биде народот ГОРД на пратениците што ги избра.

За сите коментари во прилог оригиналниот пост до прашањето на денот:

А.М.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ