Граѓаните не веруваат дека ребалансот е заради реални економски потреби. За мнозинството – тоа е уште еден циничен потег за купување гласови, со пари кои се всушност нивни, но се третираат како милостина од „газдите на државата“, е заклучокот од коментарите на прашањето на ЦИВИЛ – „Ребалансот на буџетот – реална потреба или предизборен поткуп?“
Граѓаните масовно го доживуваат ребалансот како бесрамен предизборен поткуп и политичка манипулација:
„Буџетот е касичка-прасичка за поткуп“
Владата, според коментарите, го користи државниот буџет како приватен фонд за „играње со народот“, додека вистинските проблеми остануваат нерешени.
„Пензионерите се купени со по 2.500 и 5.000 денари“
Помошта за пензионерите се гледа како класичен предизборен маневар за гласови, особено во вмровските општини како Гази Баба и Кисела Вода. Коментаторите велат: „нека ги земат парите, ама да ги казнат на избори“.
„Поткуп има – правда нема“
Коментарите се гневни што за социјални случаи и обични граѓани нема доволно, додека за поткуп и изборни игри „секогаш се наоѓаат пари“.
„ВМРО остави долг, СДСМ дели тендери“
Луѓето не ја штедат ниту власта, ниту опозицијата – ги обвинуваат за ароганција, корупција и пустошење на државата преку долгови, тендери и политички договори „на четири очи“.
„Реален поткуп – со го*** прават бонбони“
Сатирични и гневни изрази (како „од г**а прават Роше Фереро“) го отсликуваат длабокото разочарување и перцепцијата дека народот добива „коски“, додека власта се богати.
Д. М.