ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Какви новогодишни празници можете да си дозволите?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека граѓаните се подготвуваат скромно да ги прослават новогодишните и божиќните празници поради високите цени на производите.
- „Ние во Офаманаман ќе ги браниме националните интереси, не е време за празници туку за борба, сега кога вмро е на чело на отпорот, мораме да се избориме за победа, некој вид на евтаназија, оти Македонецот без загрозени национални интереси е мртов Македонец“.
- Новогодишните празници се за младите ако имаат пари ако немаат и тие ќе седат дома како нас возрасните. Нова година ја славеа сите кога имаше и средна класа, сите со радост ја чекавме а сега кој како има.
- Никакви, тоа е само за функционерите и богатите за другите луѓе само да се каже празник.
- Кои празници, само 01.01 и 07.01 се неработни, некои фирми и тогаш ќе работат. Како и секој ден, ништо специјално.
- Скромно, благодарение на новододишната кошничка за Мицкоски. Сите артикли се поскапени, ништо од намалување на цените.
- Новогодишните празници мене лично и не ми значат нешто многу, Нова Година е за младите, но кога се празници очекувам да поминат мирно ,да нема инциденти кои би загрозиле нечиј живот и наредната година да ни биде посреќна, поспкојна, да сме здрави и живи, да се дружиме повеќе и …
- Со власт која ме дискриминира, со соседи отруени од омраза што ги трујат и другите заради мојата политичка определба и националност, со цените повисоки од цените во Лондон и Париз, со лажни, наместени прогони и апсења на политичари за криминал, ве молам каква прослава, не постои Нова Година, има само стрес, сиромаштија и нетрпеливост.
- Тешко без Груби.
- Со најубави желби за власта и молитва за нашиот водач и чувар на Македонија и нашиот идентитетот, славниот татин асистент!
- Децениски наназад минимум 30 години исто, посиромашни и просторно загрозувачки по здравјето….
- Горди
Д. М.