Министерот за економија, Бесир Дурмиши пред неколку дена најави дека до крај на оваа недела ќе биде објавена новогодишната кошничка со која ќе бидат опфатени околу 600 производи.
ЦИВИЛ Медиа на својата Фејсбук страница го постави прашањето – Што очекувате од новогодишната потрошувачка кошничка?
На ова прашање одговорија околу стотина граѓани, и најголемиот дел од нив не очекуваат намалени цени од најавената новогодишна потрошувачка кошничка.
Ви пренесуваме дел од коментарите:
- Каква кошничка? Со 22 000 минимална плата и со 13 000 минимална пензија ќе сонуваме само.
- Ова е само понижување, да не сте ќори цените до плафон.
- Инспектори дали има во Северна.
- Ме нервира тоа што се вика кошничка, тоа е така цинично, зошто не се вика чанта или уште подобро вреќа?
- Очекуваме уште еден голем мајтап и манипулација.
- Ништо, освен уште повисоки цени.
- Ништо. Треба секој ден во годината кошничката да биде полна и достапна за секого.
- Кошничката дали е полна, празна, зависи кој е на власт и колку медиумите ќе направат да е пополна или попразна.
- Како тргнало со цениве секој ден денар по денар нагоре, за Нова година празна кошничка, и леб и сирење ќе биде прескапи.
- Кошничка е замајување на граѓанство, брука.
- Буквално НИШТО. Цените овие денови вртоглаво растат, за пред празникот да ги вратат на ова ниво. Лажговци на квадрат.
- Ново бесплатно шоу на Мицко.
- Малку поскапа струја, малку поскапо месо и така се по малку поскапо па за Божиќ со најлонче ќе одиме на пазар.
- Ќе му кажите на Мицко колку сме задоволни од неговото кошниче, со кое ни вели збогум сиромаштио, на локалните избори.
- Не ни треба кошниче туку со секое поскапување да се креваат платите и пензиите, срам да му е на најголемиот критичар против поскапувањето и кој ветуваше, збогум сиромаштијо, дојде на власт, заборави на народот кој ќути и го поддржува.
- Очекуваме само ГОРДОСТ да има во кошничката, ништо друго!
- Ништо затоа што се се исти цените, а некои се повисоки.
Дел од граѓаните иронично коментираа:
- Мене ми треба диета, така што благодарам на Владата
- Кошничката да биде што поПРАЗНА за време на празниците, пазам да се не прејадам.
- Да биде украсена
Д. Муратов