• Latest

Реакциите на МВРО-ВМРО и пропагандистите, доказ дека планот за борба со дезинформации доаѓа во право време!

July 25, 2019

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основни вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Реакциите на МВРО-ВМРО и пропагандистите, доказ дека планот за борба со дезинформации доаѓа во право време!

Илија Димовски вели дека Сталин можел вода да и носи на власта. Нормална е таа реакција, оти борбата со дезинформации е борба со нивната медиумска моќ, таа што ги одржува во живот такви испразнети од секаква политичка и морална суштина. Моќ, која иако ослабната во споредба со моќта што ја имаше кога началниците беа на власт и во полна сила, е сепак тука и прилично активна, и држи во лажна реалност стотици илјади граѓани, односно гласачи, со што се држи во постојан ризик од повторно поробување и целото општество.

July 25, 2019 18:40
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Одлична е реакцијата на предлог-планот за справување со дезинформации кој Владата го даде на јавна расправа. И јавната расправа – веднаш започна.

Навистина, спектакуларни се реакциите на челниците на мвро-вмро, кои со години создаваа машинерија за лажни вести, кои го окупираа медиумскиот простор, кои поттикнуваа вербално насилство и говор на омраза кон поинаквите, кои затвораа медиуми и новинари, кои направија таква деградација на јавноста која остана забележана во сите меѓународни медиумски и политички извештаи за земјава, оние кои се уште владеат и раководат со оркестрирани пара-медиуми, е тие – обвинија за цензура.

Замислете, Илија Димовски вели дека Сталин можел вода да и носи на власта. Нормална е таа реакција, оти борбата со дезинформации е борба со нивната медиумска моќ, таа што ги одржува во живот такви испразнети од секаква политичка и морална суштина. Моќ, која иако ослабната во споредба со моќта што ја имаше кога началниците беа на власт и во полна сила, е сепак тука и прилично активна, и држи во лажна реалност стотици илјади граѓани, односно гласачи, со што се држи во постојан ризик од повторно поробување и целото општество.

Није тачно, Илчо! Бетмен и Владо ќе носат вода. А Илчо ќе спружуе луѓе по насловни 👌😘#AluminiumOverMaximum#ZamisliGebelsDaTeObviniZaStalinizam

— Petrit Saracini (@amon_mra) July 25, 2019

Но, мора да признаете, уште поспектакуларни се реакциите на оние што сите овие години се главните шрафови во пропагандистичките машинерии на една или друга власт, оние што за столче и трошки крај масата на големците го продаваа со години својот и интегритетот на редакциите што ги водат.

Иако планот во областите на заедничко дејствување меѓу институциите и медиумите не нуди конкретности туку само повик на заедничка работа во неколку области за добро на граѓаните, нуди поддршка и прифаќање на стандарди што ги дефинира самата новинарска фела, а и поддршка на медиумите и новинарите кои се главните на удар на евтиното пара-новинарство и пара-медиуми затоа што квалитетниот новинарски производ е скап, добар дел од нив, навикнати на пари кои одамна не доаѓаат од публиката и гледаноста/читаноста туку од други извори, одбираат од прва да го одбијат планот.

Избираат, всушност, да продолжат да ја сечат гранката на која седат не само тие, туку и стотици квалитетни професионалци и нивните семејства, и да се приклучат на врескачкиот хор кој се дере „цензура, цензура“, а ниту го прочитал планот, туку се базира на интерпретациите на оние што со години ни ја заробиле јавноста, а кои и самите не го прочитале планот, ама „однапред“ знаат што тој ќе биде.

Оваа битка ќе биде мачна и долга. Немаме јавност која е подготвена за квалитетна дебата. Тоа е повеќе од очигледно. Но борбата за да дојдеме до таква јавност, за да им дадеме шанса на нашите деца, на идните генерации да не живеат во реалност диктирана од мал број на малициозни луѓе со политички и бизнис интереси, таа борба не смее на престане. Нема цена која може да ја плати иднината. Затоа, трпеливо и со насмевка, како и досега, ќе издржиме, ќе бараме решенија кои се најдобри за сите граѓани, и ќе победиме!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share211Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ