Заменик министерката за Внатрешни работи, Славјанка Петровска реагира на синоќешните полициски постапки и нагласи дека нема да дозволи да се шират лаги и невистини, ниту пак да се гуши слободата на било каков начин, по вчерашното приведување на директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, бидејќи на Фејсбук напишал тие што ќе ја заокружат бројката на една од партиите на гласачкото ливче да шкртнат „Северна“.
„Во случајот со Фејсбук и Твитер објавите поврзани со гласањето на целата јавност и е јасно дека станува збор за шеговити постови во кои нема кривично дело. Токму тоа е евидентирано од страна на полициските службеници. Живееме во демократска држава во која слободата на изразување не е кривично дело. Така и ќе остане“, пишува Петровска на својот Фејсбук профил.
Но, полицијата под раководство на техничкиот министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, досега не реагираше на објавениот статус на еден гласноговорник и подржувач на одредена политичка партија кој на својот Фејсбук профил напишал: „Гласајте за број ( ), и заокружете на лифчето каде што пишува Северна, како поддршка на политиките северџански“.
Исто така полицијата не реагираше на Фејсбук статусот на еден новинар, чија примарна задача е да ги информира граѓаните, меѓутоа тој напишал: „Важно: За да се поддржи коалицијата …….., освен бројот ( ), треба да се заокружи и “Северна“ во горниот дел од гласачкото ливче каде што пишува „Република Северна Македонија“!
Во овој момент повеќе го нема статусот на неговиот Фејбук профил.
Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, и за време на изборен молк води политичка кампања, и на својот Фејсбук профил пишува: „Владата предводена од Оливер Спасовски се подготвува за изборен поткуп и во таа насока денес, во момент кога дел од граѓаните го остваруваат гласачкото право, беа поништени 20 решенија и наредби за распоредување на вработени во Министерството за внатрешни работи, а потпишани од моја страна… 20 полициски службеници помалку, се ништо наспроти силната волја и решеност да ставиме крај на криминалното работење на СДСМ“.
Џабир Дерала од ЦИВИЛ во една од видео колумните БЕЗ ФИЛТЕР, го поставува прашањето: Колку министерства за внатрешни работи има во нашата земја?
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ ги бележи сите прекршувања на изборниот молк.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ