Реата на поразот се шири од бојкотирачите на иднината. Како што се ближи 30 септември, нешто не ми стојат убедени во големите бројки на апстиненти. Веќе сѐ погласно, однапред и на невидено прогласуваат фалсификат на референдумот.
Припремата ја видовме. Со денови „подготвуваа“ терен обидувајќи се, со „ничим изазвани“ напади, да ги оцрнат набљудувачките организации ЦИВИЛ, МОСТ, Хелсиншкиот комитет…
Веќе и во јавноста кружат сценаријата за групи кои ќе „посрамувале“ граѓани со повици „уа предавници“, ал на демек законска дистанца од гласачкото место (како со тоа да не го нарушуваат гласачкото право, а не гласачкото место, што повлеквит други кривични дела, нели). Претходно, се пофалија дека ќе снимале граѓани кои ќе излезат на гласање. Веројатно, имаат во план и други “групи и сценарија” за денот на гласањето, кога ќе кулминира нивниот очај.
Навистина, сево ова време, дали слушнавте некоја позитивна порака од бојкотерите од сите провиниенции и бои? Слушнавте ли алтернатива, решение? Не. Освен општите „сами да се средиме” утопии, се друго во најголем дел беше плукање и оцрнување на противникот, закани, навреди, клевети, лаги. И, на крајот, кога ништо не им поминува – ќе имало фалсификат.
А луѓето, сѐ поочигледно, не сакаат лажги и црнила, туку иднина. Затоа, што помалку денови до одлуката, толку побрзо ќе расте и гневот и нервозата. Ќе смрди на пораз уште повеќе овие денови. Повеќе од оние пелените што евакуираа цела зграда. Озонерот ќе го пуштиме на 30 септември, денот кога ке победи иднината!
#Бојкотирам Алуминиум, #ГласамЗаЕвропскаМакедонија