Светската програма за храна на ОН (WFP) вели дека речиси еден од тројца луѓе во Газа не јадело со денови, додавајќи дека неухранетоста се зголемува – при што 90.000 деца и жени сега имаат потреба од итен третман.
Организацијата посочува дека сè уште доставува помош во Газа, со повеќе од 22.000 метрички тони храна испратени откако граничните премини беа повторно отворени во мај, но предупредува дека ова е само „мал дел од она што е потребно за да преживее население од над два милиони луѓе“.
Во соопштението објавено вчера, организацијата вели дека нејзините напори се попречени од неколку проблеми – вклучувајќи го ограниченото одобрување на барањата за испорака на помош, доцнење во конвоите и недостаток на транспортни правци.
WFP, исто така, вели дека израелските власти „дале гаранции дека повеќе камиони ќе можат да носат помош за храна во Газа“.
„Од 23 јули, WFP забележа побрзи одобрувања и движења на конвои со храна, но бара постојана посветеност за да се спречи тековната хуманитарна криза“, додаваат организацијата, пишува Би-би-си.