Во целиот свет 484,747 лица целосно оздравеле од корона вирусот, а вкупниот број на заразени од појавувањето вирусот, денеска постигна два милиони.

По Кина, државата каде се појави првиот случај и веќе се проценува како надмината ситуација, првата следна држава со најголем број излечени од корона вирусот е Германија, со 72,600 оздравени пациенти. Во оваа земја бројот на излечени е дури поголем од активините случаи кои се вкупно 56,115, вклучувајќи ги последните пофатоци на уорлд метрс до 09:00 часот утринава. Германија со овие податоци е меѓу земјите кои забележуваат позитивен исход во борбата со светската пандемија. Во Шпанија земјата која од вчера укина голем дел од забраните, бројот на оздравени стигна на 67,504 а уште малку треба да се израмни со бројот на активните случаи на заразени кој во оваа држава моментално е 88,301. Се уште останува алармантна ситуацијата во САД каде досега се заразиле над половина милион лица или точно 614,246, оздравеле 38,820, а активни случаи се уште се 549,362 пациенти. Во САД од корона вирусот починале до утринава 26,064. Бројот на заразени во САД е поголем од вкупниот број на заразени во Италија, Шпанија, Франција и Германија заедно.
А. З.












