Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и разобличува лажни вести и дезинформации и дел од тие ги објавува на својата медиумска платформа. Од триесетина регистрирани содржини со говор на омраза на социјалните мрежи, денеска одлучивме да направиме збир на дел од содржините чиишто автори се занимаваат со нашата организација и нејзините членови.
Во изминатиот период ЦИВИЛ е мета на организирани напади со цел да се дискредитира преку лични навреди и лажни наводи за одредени членови на организацијата.
Говорот на омраза од одредени профили, детектиран, архивиран и објавен на нашата веб страница предизвика затворање на една од тие страници по јавното демаскирање. Интересно е дека додека не се јавно активни, тие сепак се занимаваат со објавите на нашата медиумска платформа, и тоа со ангажирање на свои сателитски профили за „анализирање“ и дијагностицирање“ на нашите содржини, на сосема препознатлив начин што е нарачан од одредени структури за чии „благородни“ активности ЦИВИЛ редовно ја известува јавноста.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ денеска подготви содржина со збир на дел од овие содржини, и истата можете да ја прочитате на македонски јазик на ЦИВИЛ Медиа и на албански јазик на drejt.mk.
Шовинистички шкрабања со очигледна намера за дискредитација и омаловажување по етничка основа, се неприфатливи во ниту еден дел од организацијата. ЦИВИЛ, како организација за човекови права, во своето долгогодишно работење секогаш е отворена за сите што имаат отворен ум, активистички дух, неприкосновени пред предрасуди, борци за правда и права, а тоа се гледа и од богатсвото од разновидост од идеи, активизам, работа, посветеност и човечност кај своите безбројни членови, внатрешни и надворешни, како што впрочем може да се види од најуспешниот спој на различностите во едно место, во нашата земја.
ЦИВИЛ ги повикува надлежните институции да се ангажираат максимално во спречувањето на ширење на говор на омраза, и да ги санкционира соодветно.
На полето на политичкото финансирање и корупцијата во изборните кампањи, ЦИВИЛ Медиа разговараше со потпредседателката на ДКСК, Катица Николовска.
„Најчесто предизборната кампања се поврзува со давање пари коишто понатаму би можеле да се користат за купување гласови, меѓутоа ние не сме во таква можност да можеме да го следиме тоа, освен ако некој е снимен на видео или на аудио запис, како што сега се јавуваат овие аудио снимки, така што не би можела да кажам дали сега во овој период постои такво нешто“, потенцираше Николовска.
Целото интервју можете да го прочитате на civilmedia.mk или да го погледнете на Youtube каналот CIVIL Macedonia