Министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро преку социјалните мрежи изјави дека во текот на 2022 година земјата ја посетиле 7,5 милиони странски туристи.
Според неа, бројките покажуваат дека Албанија имала 1,9 милиони посетители повеќе од 2021 година и 18 отсто повеќе од 2019 година, која досега го држеше рекордот како најдобра година во туризмот.
„И секако гостите од Косово кои се наш најсилен столб, ние имаме најголема обврска да им понудиме максимален квалитет во услугата! Истиот тренд го покажаа и пристигнувањата од Балканот, од Северна Македонија и Црна Гора, но за над 50% се зголемија и приливите од Романија, Хрватска или Бугарија“, истакна Кумбаро.
Н. Абдурахмани